Поглед во тјунираниот Audi RS Q8 со 905 КС
Audi RS Q8 е SUV со одлични перформанси, но сè уште има купувачи со поинакви желби кои им ги исполни тјунерот Manhart Performance.
Го движи 4,0-литарски твин турбо V8 мотор кој испорачува 591 КС и 800 Nm максимален вртежен момент, но со помош на тјунерот сега развива 905 КС и 1180 Nm максимален вртежен момент.
Од 0 до 100 км/ч забрзува за 3,8 секунди и достигнува максимални 305 км/ч.
Manhart ги нуди подобрувањата за 22.500 евра, 24.900 евра за body kit, 839,5 евра за налепници, 9.000 евра за фелни и 29.900 евра за подобрувања во внатрешноста.