Првата супермесечина во 2021, низ фотографии
Овој месец полната месечина е првата супермесечина во 2021, астрономски феномен кога месечината е малку поблиску до Земјата и тогаш изгледа посјајна и поголема на небото.
Некои луѓе забележуваат промени во однесувањето и во чувствата кои не можат да ги објаснат додека не видат во календарот дека е период на полна месечина. Научно е докажано дека полната месечина влијае на луѓето.
Кои симптоми може луѓето да ги почувствуваат? Некои од нив се умор, пад на имунитетот, иритација, главоболки, подуеност, опстипација, осип, нарушување во сонот.
Во тој период доаѓа до осека поради влијанието на месечината на водата. Со оглед на тоа што нашето тело е составено 80% од вода, научниците сметаат дека нешто слично се случува и во нашето тело. Ако почувствувате нешто од овие симптоми, телото ви кажува дека треба подобро да се грижите за себе.
Во меѓувреме, уживајте во оваа галерија на CNN со фотографии од полната месечина видена во различни делови низ светот.