Тјунираниот „ѕвер“ на BMW развива 900 коњски сили
Зад називот G5M Hurricane RR се крие тјунираниот BMW M5 Competition кој чини 115.000 евра.
Последниот проект на познатата германска компанија за тјунирање G-Power е ѕверот на BMW кој се нуди со 4,4-литарски V8 мотор кој развива 900 КС и 1.050 Nm максимален вртежен момент.
Сè уште не се објавени повеќе детали, но се очекува дека автомобилот од 0 до 100 км/ч забрзува за 2,5 секунди.