Toyota го претстави новиот GR Yaris со 260 КС
GR Yaris го има најмоќниот трицилиндричен мотор во светот.
Toyota уште на почетокот на 2020 година го претстави малиот hot hatch, а беше потребна една година за да пристигне овој автомобил во европските продажни салони. Станува збор за еден од најмоќните спортски автомобили досега.
GR Yaris го движи 3-цилиндричен 1,6-литарски турбо бензин мотор кој развива 261 КС и 360 Nm максимален вртежен момент. Погонот е на сите четири тркала.
Од 0 до 100 км/ч забрзува за 5,5 секунди.
Почетната цена во Германија изнесува 33.200 евра.