Toyota го претстави новиот кросовер Aygo X
Toyota го претстави потполно новиот Aygo X, единствениот кросовер во сегментот А кој е дизајниран и произведен во Европа за да ги задоволи потребите на градскиот и преградскиот живот на Стариот континент.
Го движи 1-литарски 3-цилиндричен мотор кој е подобрен за да ги задоволи европските стандарди и има потрошувачка на гориво од само 4,7 л/100 км и емисија на CO2 од 107 г/км.
Обликуван и произведен во Европа и за европските купувачи – ќе се најде во продажба во 2022 година.
Погледнете ја галеријата.