Volvo го претстави електричниот кросовер C40 Recharge
Шведскиот произведувач со овој модел влезе во нов сегмент. Од компанијата најавија дека од 2030 година ќе преминат на производство на електрични автомобили, а сега веќе започнаа со реализиција на овој план.
Базиран на CMA механичка платформа, C40 Recharge e првиот Volvo направен да го користи исклучиво електричниот мотор.
Двата електрични мотори се сместени едниот напред, другиот позади и развиваат 408 коњски сили, а максималниот вртежен момент изнесува 660 Nm.
Батеријата се полни до 80 отсто за 40 минути.
Производството ќе започне оваа есен, а ќе се продава само онлајн.