10 години од катастрофата во Фукушима

Б.С.Б.
/ 11.03.2021 / 14:32

На денешен ден се навршуваат 10 години од катастрофата во Фукушима, најголема по Чернобил. Силниот земјотрес од 9 степени и цунамито што следеше на 11 март 2011 година убија 20.000 луѓе и уништија електрана.

Минаа десет години откако радијацијата принуди илјадници луѓе да побегнат од нивните домови во Фукушима, а некои градови во тој регион и понатаму тешко се носат со прашањето како да го обноват животот во заедницата.

Пред 10 години светот сведочеше на силниот земјотрес проследен со цунами што ја погоди Јапонија при што се случи и најголемата катастрофа по Чернобил. Разорните бранови предизвикани од земјотресот со магнитуда од 9,0 степени го погодија североисточниот брег на земјата, убија скоро 20.000 луѓе и ја уништија нуклеарната електрана во Фукушима.

Повеќе од 160.000 луѓе побегаа поради радиоактивното зрачење. Постоеја стравувања дека ќе мора да биде евакуиран и Токио, но и други градови.

Кијоши Кукокава ја водеше истрагата од која крајниот заклучок е дека за катастрофата е виновен човечки фактор. Владата потроши скоро 300 милијарди долари за обнова на регионот Тохоко кој беше уништен од цунамито, додека подрачјата околу нуклеарката во Фукушима и понатаму се со тежок пристап.

Радијацијата предизвикува загриженост, а луѓето сакаат, но се двоумат да се вратат во родните места.

Во 12 проценти од префектурата Фукушима не е дозволен пристап по катастрофата. Повеќето подрачја се прогласени за безбедни по деталната деконтаминација и луѓето се поттикнуваат да се вратат, но засега тоа оди прилично тешко.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе