10 начини на кои пандемијата ќе ги промени луѓето и човештвото

Тим американски научници од Харвард и УКЛА направи анализа од досега 90 направени социјални и психолошки студии и резултатите ги поделија во десет клучни точки кои ќе ја променат нашата свест и општеството во кое живееме.

Студијата „The pandemic exposes human nature: 10 evolutionary insights“ е објавена во научното списание Proceedings of the National Academy of Sciences of the USA.

Според самиот наслов „Пандемијата ја разоткрива човечката природа: 10 еволуциски увиди“, може да се заклучи дека американските научници сметаат дека овие влијанија навистина би можеле да бидат еволуциски, значи трајни. Студијата ја гледа пандемијата како еден глобален општествен експеримент.

1. Вирусот би можел да влијае на друштвеноста на заразените личности

Се проучува влијанието на вирусот на човечката психологија. Експертите развиле две теории, едната е дали заразениот човек ќе го потиснува своето чувство на болеста со што прави понатамошно ширење на вирусот, особено таа можност е посилна ако заразениот е без симптоми. Следната теорија е промена на однесувањето на заразениот во насока на нарушено расположение, кога заболениот го потиснуваа чувството на болест и сака да ја зголеми активноста иако е свесен дека тоа ќе доведе до ширење на вирусот.

Начинот на кој вирусот влијае на нашето однесување има влијание и на епидемиолошкиот модел, односно на неговото ширење во различни стадиуми.

2.„Генерациите на карантинот“ би можеле да имаат помалку „добри“ микроби

Колку и да е ефикасен карантинот во борбата против SARS-CoV-2, постои и онаа друга страна, а тоа е дека со изолацијата не сме изложени на други микроби. Во секој случај добро е што во раните фази на развој децата нема да бидат изложени на низа опасни вируси. Сепак, нормалниот развој на човечкиот мозок бара изложеност на микроби, бидејќи имаат важна улога во имуниот систем.

3. Чувството на одбојност може да помогне во борбата против ширењето на болеста

Одбојноста може да биде корисна кога станува збор за пандемијата. Одбојноста нè штити на три начини. Прво, нема да јадеме храна за која на некој начин чувствуваме дека е штетна. Второ, ќе ни овозможи да избегнеме неадекватен сексуален партнер и трето, одбојноста ни дава природен одговор на појава на некој кој покажува симптоми на болеста.

4. Се менуваат навиките во пронаоѓање партнер

Краткотрајните врски и сексот без обврска се најмногу погодени поради очигледниот страв од тоа дали потенцијалниот партнер е носител на вирусот. Забележано е дека таквите краткотрајни врски сега се заменети со онлајн верзии како виртуелен секс или допишувања. Големо е прашањето како паровите кои се запознале онлајн ќе реагираат кога ќе се сретнат во живо.

5. Нееднаквоста на половите е во пораст

Жените во ова сценарио се најмногу погодени. Статистиките говорат дека многу жени останале без работа овој период, за да се грижат за децата. И според претходните студии, жените се повеќе изложени на стрес поради одгледувањето деца. Губењето на финансиската независност на жените ќе довде до регресија кон традиционалните полови норми.

6. Не е гарантиран порастот на емпатија или сочувство

Врежано е мислењето дека луѓето се зближуваат кога се во неволја. Се смета дека социјалното дистанцирање кое се применува во пандемијава е најмасовно дело на соработка во историјата на човештвото.

Сепак, пример за општество во кое пандемијата не ги спои луѓето, односно не покажа дека луѓето стануваат подобри или поемпатични се токму САД.

7. Луѓето не развија чувство за барање на вистината

Студијата заклучува дека луѓето НИШТО не научиле од пандемијата, како и од катастрофите кои се имаат случено. Видовме дека во оваа пандемија луѓето се склони кон теории на заговор, неверување во научни докази и самозалажување. Дури и нема да се впуштиме во расправа во која би разувериле некого од верување во дезинформација.

8. Борбата против пандемијата бара сопствен еволуциски процес

За првпат во историјата имаме технолошка можност светот да го претвориме во глобално село и да спроведеме еден такови процес за да ја запреме пандемијата.

9. Културните еволуциски процеси ќе имаат големо влијание на вирусот

Во колективниот одговор на пандемијата постојат разлики од нација во нација. Така, видовме како Јапонија, Јужна Кореја и Кина брзо и лесно реагираа на почетокот на пандемијата, додека останатите земји имаа проблеми и често контроверзни одговори на заканата, додека Шпанија, Бразил и САД имаа експлозија.

10. Човечкиот развој ќе продолжи

Иако заклучокот според овие точки е дека по пандемијата неминовно ќе се уназадиме бидејќи жените потешко ќе постигаат економска независност, ќе се раѓаат помалку деца па дури и некои популации ќе изумрат, сепак не е така. Нашиот напредок не може да запре , тврдат научниците.

 

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе