101-годишен поранешен чувар во нацистички логор осуден на пет години затвор

Германски суд денеска осуди 101-годишник на пет години затвор за помагање и поттикнување на убиството на илјадници затвореници во нацистичкиот концентрационен логор Заксенхаузен за време на Втората светска војна.

За време на судењето во Бранденбург, западно од Берлин, обвинетиот негираше дека бил чувар во логорот.

Обвинителството, меѓу другите докази, приложи документи со име, датум и место на раѓање кои одговараат на обвинетиот, а припаѓаат на чувар на нацистичката паравоена организација СС (акроним од германскиот збор Schutzstaffel - заштитен одред).

Повеќе од 200.000 луѓе биле приведени во концентрациониот логор во близина на Берлин од летото 1936 година, кога бил изграден, до крајот на Втората светска војна во 1945 година.

Нацистичкиот концентрационен логор Заксенхаузен за време на Втората светска војна и денес

Меѓу уапсените имало политички противници на нацистичкиот режим и членови на малцинските групи Евреи и Роми прогонувани од нацистите. Десетици илјади затвореници умреле од глад, болести, принудна работа и медицински експерименти како дел од систематскиот план за истребување.

Поради возраста, обвинетиот можел да присуствува на судењето само ограничено, односно приближно два и пол часа секој ден.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Read more

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе