11 тони пластика извадени од океан во едно од најголемите чистења во историјата

Изминативе недела дена беше извршена акција за чистење на дел од Тихиот Океан при што беа извадени околу 11.500 килограми пластичен отпад, што претставува едно од најголемите чистења на океаните во историјата.

Компанијата The Ocean Cleanup е непрофитна организација специјализирана за чистење на океаните која располага со модерна технологија. При чистењето на дел од Тихиот Океан изминатава недела извлечени се 11.353 килограми пластичен отпад. Овој потфат се смета за едно од најголемите чистења на океаните во историјата.

Секоја година милиони тони пластика се фрла во океаните или таму пристигнува преку реките. Ако ништо не се преземе пластиката сѐ повеќе и повеќе ќе ги загадува нашите екосистеми, здравјето и економијата.

Основниот мотив за чистењето на океаните од пластика и друг отпад е здрава еколошка средина. Чистењето на океаните се состои од две фази.

URL

Прво се собира пластика по различни одбрани делови на океанот, а потоа со специјална технологија се извлекува на брод за посебни намени. Покрај океаните, се чистат и речните текови бидејќи преку нив ѓубрето доаѓа до океаните.

Целта е пловечката пластика да се намали за 90% до 2040 година.

За чистење на мапираниот дел на Пацификот изминативе недела дена беше користен модерниот технолошки System 03.

Што е System 03?

Чистењето на океаните со System 03, кој наликува на вештачка брана што го запира отпадот, е многу поисплатливо од претходните два (System 02 и System 01), бидејќи машините можат да „грабнат“ многу повеќе килограми ѓубре. Со тоа и цената е поприфатлива.

URL

„Пловечките конструкции на оваа брана можат да спречат отпад од различни димензии: од најситната пластика до големи рибарски мрежи кои веќе не се користат“, велат од холандската организација The Cleanup.

URL

Планот за чистење имплементиран во 2022 година меѓу Калифорнија и Хаваи е наречен „Крајот на Големото пацифичко ѓубре“.

реклама

Уште една земја го призна Косово

Read more

Три вообичаени грешки при полнење гориво со кои го оштетувате вашиот автомобил

Read more

Како помрачувањето на 29 март ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Read more

Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: Тресеше и во Тајланд на 1.000 км од епицентарот

Read more

Вести

OnlyFans казнет со 1,05 милиони фунти во Британија

Read more

Слушате музика која околу не се слуша: Нова технологија менува сè - без кабли, без слушалки

Read more

Приказна од антиката: Како Милон од Кротон го измислил прогресивниот тренинг?

Read more

ФБИ предупредува на кои веб-страници ризикувате кражба на податоци

Read more
 

Гик

Колку заработуваат инфлуенсерите од само една објава на Instagram?

Читај повеќе

OnlyFans казнет со 1,05 милиони фунти во Британија

Читај повеќе

Слушате музика која околу не се слуша: Нова технологија менува сè - без кабли, без слушалки

Читај повеќе

Кинезите први во светот трансплантираа модифициран свински црн дроб на човек

Читај повеќе

Гумите за џвакање испуштаат стотици честички микропластика во устата

Читај повеќе

Приказна од антиката: Како Милон од Кротон го измислил прогресивниот тренинг?

Читај повеќе

Папуа Нова Гвинеја го блокираше пристапот до Facebook поради лажни вести и порнографија

Читај повеќе
  • play_arrow

Indiana Jones and the Great Circle во април доаѓа на PlayStation 5

Читај повеќе

ФБИ предупредува на кои веб-страници ризикувате кражба на податоци

Читај повеќе