1.394 нови случаи вчера, болниците се преоптоварени

Скопје, 4 април 2021 (МИА) – Не стивнува третиот бран на пандемијата од коронавирусот. И вчера беше регистриран голем број на новозаразени и починати. Во претходното деноноќие забележани се 1.394 нови случаи од 4.920 тестирања, или 28 отсто од тестираните се позитивни. Вкупно починаа 45 лица, а оздравеа 479 пациенти. Во моментов бројот на активни случаи во државата изнесува околу 22 илјади.

По завчерашниот највисок број (50) починати во 24 часа, министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека има пациенти со многу тешка клиничка слика кај кои терапијата не дава резултати. Болниците се преоптоварени како никогаш од почетокот на епидемијата, рече тој, но дури и сега има слободни кревети и ниеден пациент нема да остане без соодветна лекарска нега.

-Колегите прават сѐ. Има пациенти со многу тешка форма, се лекуваат согласно стандардите, но за жал, и покрај преземените мерки, кај некои лекувањето нема ефект. Има пациенти со клиничка слика и страшни манифестации на белите дробови и крвта какви што пулмолозите и колегите инфектолози досега не виделе. Нема ефект од терапијата и, кога состојбата ќе се влоши, и покрај се што се прави, нивните животи не можат да се спасат, рече Филипче.

Во однос на смртните случаи на млади луѓе, министерот одговори дека и во регионот често има влошување на здравствената состојба кај младите во рок од само неколку часа.

-Болниците се преоптоварени како никогаш досега, но обезбедуваме се што треба секој да добие соодветна здравствена нега и има сосема доволен број болнички кревети,  дури и сега, изјави Филипче .

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1684 и има околу 230 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 999 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 112 пациенти, во Штип 86, во Велес се лекуваат 97 болни, во Куманово 96, во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 138 , во Струмица 87 пациенти,  Кавадарци 79. Во другите градови има помалку хоспитализирани.

Во претходното деноноќие во ковид-центрите во Скопје биле хоспитализрани 103 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 685 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 311 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 136 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има 5 деца позитивни на вирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 26 болни. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 134.134, бројката на оздравени пациенти е 108.676, на починати е 3.905, а бројот на активни случаи изнесува 21.553. Најмногу активни случаи има во Скопје 10613, Прилеп -1130, Куманово – 1047, Битола – 981, Охрид – 876, Велес – 818, Кавадарци – 749. Во другите градови се помалку од 700.

Во светот досега од SARS-CoV-2 се инфицираа над 131 милион луѓе, починаа над 2,8 милиони лица и оздравеа 105 милиони пациенти.

СЗО завчера вечерта соопшти дека за 24 часа во светот со коронавирус се заразиле 659.000 луѓе.

Од британската Агенција за регулирање на медицината и здравјето (МХРА) вчера стигна веста дека вкупно седум смртни случаи од згрутчување на крвта по вакцинирањето на 18 милиони Британци со AstraZeneca, но не е утврдено дали е од вакцината

-Придобивките од спречувањето на инфекцијата со COVID-19 и компликациите од инфекцијата се уште ги надминуваат сите ризици и жителите треба да продолжат да примаат вакцина кога ќе бидат повикани за имунизација, изјави вчера за BBC Џун Рајн, раководител на британската Агенција за регулирање на медицината и здравјето (МХРА).

Поради појавата на згрутчување на крвта по вакцинирањето со AstraZeneca некои земји привремено ја прекинаа, а подоцна и ограничија употребата на оваа вакцина само на повозрасните лица.

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека вакцината е безбедна, но, исто така, планира и натамошни консултации за тоа дали да опстојат одлуките за ограничување на употребата на вакцината во некои земји-членки на ЕУ.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе