21 загинат во страшна несреќа кај Венеција, автобус излетал од надвозник

Макфакс/Кајгана
/ 04.10.2023 / 08:23

Најмалку 21 лице загина откако автобус излетал од надвозник во близина на Венеција.

Автобусот излетал од патот нешто пред 20 часот синоќа и паднал во близина на железничка линија во областа Местре, која е поврзана со Венеција преку мост, јавија италијанските новински агенции и телевизија.

URL

Италијанските медиуми јавуваат дека автобусот паднал од височина од 30 метри пред да се запали. Официјални лица рекоа дека возилото паднало на далноводи и се запалило околу 19:45 часот.

URL

Утрово, пишуваат италијанските медиуми, автобусот е веќе отстранет од местото на несреќата.

Меѓу идентификуваните жртви во автобуската несреќа во Местре има Германец, пет Украинци и Италијанец кој управувал со автобусот, потврди префектот на Венеција, Микеле Ди Бари. Во несреќата загинаа две деца. Причината за несреќата сѐ уште не е јасна.

Remote video URL

„Тоа е апокалиптична сцена. Јас сум без зборови“, објави градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро на X.

URL

Sky Italia објави дека голем број тела биле извлечени од урнатините откако автобусот се запалил. Во несреќата се повредени 18 лица.

Remote video URL

Леонардо, сведок на страшната несреќа во Венеција, за италијанскиот LaPresse ги опиша звуците што ги слушнал кога се случила несреќата.

Во моментот на несреќата тој се наоѓал во стан недалеку од местото на несреќата.

Remote video URL

„Слушнав силно сопирање, мислев дека е воз. Потоа звук на тап, тап удар. Се стресов и погледнав надвор, видов чад и луѓе кои повикуваат на помош“, вели Леонардо.

„Веднаш излегов надвор, кога стигнав до автобусот, врисоците се претворија во мртва тишина. Сакав да помогнам, но другарката и полицајката ме спречија бидејќи автобусот сè уште беше во пламен и постоеше опасност од експлозија. Останав таму додека не дојде помошта, која пристигна по дваесетина минути“, опиша Леонардо.

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе