29 август, роденденот на Мајкл Џексон
На денешен ден во 1958 година во градот Гери близу Чикаго се родил Кралот на поп музиката.
Како осмо дете во семејството Џексон, Мајкл дебитирал на сцената на 6-годишна возраст во групата „The Jackson 5“ заедно со неговите браќа Џеки, Тито, Џермејн и Марлон. Соло кариерата ја почнал во 1971 година, а во 80-тите станал доминатна фигура во поп музиката.
На 25 јуни 2009 година Мајкл Џексон почина од срцев удар како последица на предозираност со антидепресиви.