5 исклучително важни астрономски откритија во 2022 година

Во текот на изминатата 2022 година беа направени многу октритија во областа на астрономијата. Издвојуваме пет за кои сметаме дека ја одбележаа 2022 година.

Една од популарните теории меѓу вселенските истражувачи е онаа наречена Големиот филтер, која прв пат беше дефинирана во 1996 година од економистот Робин Хансон. Тоа првенствено се заснова на претпоставката дека многу цивилизации постоеле низ историјата на Универзумот, но дека тие биле истребени или се истребиле пред да успеат да воспостават каков било контакт со други.

Од оваа гледна точка, произлегуваат три можни сценарија, според кои или веќе сме ја поминале оваа фаза и успешно сме ја оставиле зад нас, или можеби сме први што некогаш поминале низ неа или сме пред филтерот. Затоа, се доаѓа до заклучок дека секое ново откритие за вселената е всушност нов начин за соочување со Големиот филтер. Научниците од целиот свет секојдневно работат на објаснување на појавите што нѐ опкружуваат и затоа овие откритија од астрономијата во текот на 2022 година заслужија да се најдат на листата на најистакнати:

1. Аудио снимка од „песочниот ѓавол“

Прашината е присутна на целата површина на Марс, но нејзиното движење е под влијание на климата и времето. Токму затоа проучувањето на супер бурите како т.н. песочен ѓавол се идеален извор на информации кога се проучуваат временските услови на планетата што луѓето сакаат да ја колонизираат во иднина.

Подетално за ова откритие: Perseverance на Марс сними звук на „песочен ѓавол“

2. Црна дупка најблиску до Земјата

Бинарниот систем наречен Gaia BH1, кој се наоѓа во соѕвездието Змијоносец на растојание од 1.566 светлосни години, според истражувањата на научниците, содржи нормална ѕвезда и најмалку една заспана црна дупка.

Подетално за ова откритие: Астрономи пронајдоа нова црна дупка најблиска до Земјата

3. Откриени три нови „убијци на планети“

Најголемиот од трите астероиди има пречник од 1,5 километри, а она што најмногу ги загрижува научниците е фактот дека има променлива патека која во еден момент би можела да се најде на патека која би ја загрозила нашата планета.

Подетално за ова откритие: Астрономи открија нов астероид од категоријата убиец на планети

4. „Срцето“ на Млечниот Пат

Најсјајните ѕвезди во соѕвездието Стрелец го претставуваат центарот околу кој е формиран нашиот Млечен Пат, за кој научниците се надеваат дека со неговото проучување ќе откријат повеќе детали за самото формирање на нашата галаксија и процесите што се случиле на самиот почеток во неа.

Подетално за ова откритие: Астрофизичари открија каде се наоѓа „срцето“ на Млечниот Пат

5. Тајните на Венера

Научниците на НАСА успеаја да ѕирнат под превезот на густата атмосфера на Венера и да откријат дел од нејзината топографија, за која тврдат дека ќе им помогне во проучувањето на составот и геологијата на оваа мистериозна планета.

Подетално за ова откритие: НАСА ја покажа површината на Венера од нова перспектива

Во оваа нова 2023 година се надеваме на уште позначајни и поневеројатни откритија од тајните на вселената.

Тагови
реклама

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе