65-та јубилејна ноќна атлетска трка во Битола

Околу 800 вљубеници во трчањето учествуваа на ноќната атлетска трка по Широк Сокак синоќа во Битола, а не ги спречи ни големото невреме што го зафати градот.

Трката години наназад се одржува како дел од Програмата за одбележување на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, а се натпреваруваа ученици од IV до IX одделение од основните училишта, средношколци и студенти, поделени во машка и женска конкуренција. На трката учествуваа и претставници на одредени компании во градот, како и граѓаните.

Победниците на трката ги поздрави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој посочи дека ваквите натпревари се поттик за што повеќе спортски активности на младите битолчани, а посебно што се натпреваруваат голем број на ученици и граѓани. Масовноста на трката, истакна Коњановски, е само уште еден белег и придонес кон празнувањето по повод ослободувањето на Битола. Пред присутните се осбрати и претседателот на Сојузот на спортови на Битола, Сашко Павловски.

Наградите на победниците им ги врачија градоначалникот Тони Коњановски, заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, советничката во Советот на Општина Битола, Лидија Павловска, и претставници на Сојузот на спортови.

Традиционалната ноќна атлетска трка се одржува во организација на Сојузот на спортови од Битола, во соработка со Сојузот на училиштен спорт, а со поддршка од Општина Битола.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе