7 интересни факти за прекрасните тукани што веројатно не сте ги знаеле

Во светот постојат 15 видови тукани и сите имаат една карактеристика, а тоа е големиот клун. Ви откриваме за што служи и други интересни факти за овие птици.

Голем клун

Туканот има клун речиси четири пати поголем од главата и половина од остатокот од телото, иако неговата улога сè уште не е позната. Некои научници тврдат дека им помага да привлечат плен, додека други сугерираат дека е особено корисен за плашување на помалите животни или за допирање на храна што е на недостапни гранки.

Постои уште една можност - таков клун може да им помогне да ја регулираат температурата на телото, што е многу корисно во делови од светот со тропска клима. Сепак, без разлика на неговата функција, секој биолог ќе се согласи дека овој клун е чудо на инженерството - лесен и робустен, речиси шуплив и направен од кератин.

Зборот тукан се однесува на нивната песна

Зборот потекнува од tucano, термин што се однесува на карактеристичниот звук на овие птици, сличен на крекањето на жабите. Туканите ги комбинираат своите разновидни вокализации со звуци на тапкање или штракање со клун, а многумина се способни и за лаење, лелекање или ржење.

Не јадат само овошје

Како што споменавме претходно, туканите ги користат своите долги клунови за да посегнат по храна. Сепак, експертите истакнуваат дека и оваа алатка има свои недостатоци, бидејќи при голтање се принудени да ја фрлат главата назад. Иако повеќето сметаат дека се првенствено тревопасни животни, нивното мени вклучува широк спектар на храна - како што се инсекти, змии, жаби, па дури и мали цицачи, јајца и пилиња на други помали птици.

Се соочуваат со бројни опасности

Туканите не се на работ на опстанок, ниту пак се предмет на грижа за зачувување. Сепак, во природата тие се плен на многу птици грабливки како бувови и орли, додека боита и јагуарите често ги напаѓаат нивните гнезда. Нивниот огромен клун е многу импресивен, но не е премногу корисен кога станува збор за одбрана од предатори.

Во сродство со клукајдрвецот

Иако на прв поглед не изгледа како туканите и клукајдрвците да имаат многу заедничко, и двете птици припаѓаат на родот Piciformes. Како и клукајдрвците и арата со кои ја делат шумата, тие се зигодактили, што значи дека имаат два прста што се насочени напред и два насочени назад - многу корисен дизајн за движење меѓу густите гранки на тропските шуми. Покрај тоа, и туканите и клукајдрвците имаат долги, тесни јазици и кратки, крути пердуви.

Се гнездат на дрвја

Друга карактеристика што ја делат со клукајдрвецот е местото каде што ги градат гнездата. Двете птици се гнездат во шуплините на дрвјата, што има смисла ако се земе предвид дека поголемиот дел од своето време го поминуваат во крошна. Понекогаш користат дупки што ги оставаат клукајдрвците и несат до 15 јајца во нив. Инкубацијата трае помеѓу 16 и 18 дена, по што лежат младите без карактеристичен клун.

Друштвени се и моногамни

Туканите се дружтвени птици, особено кога бараат храна. Живеат во групи до 20 поединци, иако се моногамни. Најчесто се размножуваат на пролет, а кога женката ги положува јајцата, заедно со мажјакот се менува на нив. Пилињата се раѓаат со затворени очи и без пердуви и се целосно зависни од родителите во следните два до три месеци.

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе