7 навики на Швајцарците за кои веројатно не сте знаеле

Штом некој ќе ја спомне Швајцарија, во главата ни се создава слика на алпски врвови, сирења, часовници, банки... Сепак, колку и да е тоа вистина, секојдневието е друга реалност, па на порталот Brightside најдовме работи кои можеби се непознати и невообичаени за странците, но за жителите на Швајцарија се нешто сосема нормално.

Рециклирање на сѐ што е можно

Луѓето во Швајцарија се обидуваат да го рециклираат целото ѓубре: весници, лименки, стакло, па дури и искористена тоалетна хартија. Храната, се разбира, не е исклучок и на неа се посветува посебно внимание. На пример, додека старото масло обично го истураме во одводот, жителите на Швајцарија го пакуваат во контејнери и го носат во најблискиот прифатен центар.

Јавен превоз

Во случај на доцнење од еден час или повеќе, патникот има право на надоместок кој може да биде до 50% од цената на билетот. Доколку патникот е принуден да бара ноќевање поради доцнење на патувањето меѓу градовите, превозникот е должен да ги надомести трошоците за тоа. Плаќањето може да се избегне само ако автобусот или возот доцнат поради природни катастрофи.

Готовина пред картички

И покрај високо развиениот банкарски систем на Швајцарија, нејзините жители ретко користат картички за плаќање и претпочитаат готовина. Дури и да купат нешто големо (како автомобил), мештаните прво ќе подигнат пари од нивната сметка, а оваа навика се нарекува швајцарски културен феномен. Швајцарците сметаат дека присуството на хартиени сметки во паричникот дава чувство на вистинско поседување пари, што не може да се каже за картичките. На овој начин полесно ги контролираат трошоците и трошат помалку.

Бакшиш за келнери

Никој нема да му суди на гостин во ресторан кој нема да остави бакшиш на келнерот. Но, кога гостинот сепак сака на посебен начин да ја изрази својата благодарност за добрата услуга, тој едноставно ќе ја заокружи сметката.

Гумите за џвакање не се добредојдени

Гласното џвакањето мастика е особено досадно за локалното население, кое оваа навика ја смета за лошо однесување. На туристите им се препорачува да му се спротивстават на искушението да ја извадат омилената гума за џвакање од џебот и да ја џвакаат јавно. Доколку веќе имате потреба, во Швајцарија претпочитајте тоа да го правите во мир во вашиот дом.

Исклучување на Wi-Fi дома

Неограничениот мобилен интернет е она што денес го избираат младите жители на Швајцарија. Тие ја избираат соодветната тарифа и потоа едноставно активираат хотспот на нивниот телефон за да ја користат мрежата додека работат на лаптоп или домашен компјутер. Домашното Wi-Fi веќе не е потребно, а наместо две интернет сметки, на овој начин имаат една.

За сѐ е виновен ветрот

Фен (Föhn) е името на ветрот што понекогаш дува од Алпите. Швајцарците го обвинуваат ветрот Фен за разни проблеми и го користат овој природен феномен за да ги објаснат своите главоболки, промени во расположението, па дури и сообраќајните несреќи.

Тагови
реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром

Read more

16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје

Read more

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Read more

Живот

Големи промени за 3 хороскопски знаци до крајот на јануари

Read more

Прогласена најдобрата мачка во светот

Read more

Собни растенија што се најдобри за вашиот дом во зима

Read more

Кога е вистинското време да ги пресадите вашите собни растенија?

Read more
 

Магазин

Колку секс партнери се „премногу“? Научниците имаат точна бројка

Читај повеќе

Зошто срцевите удари се почести во текот на зимските месеци?

Читај повеќе

Големи промени за 3 хороскопски знаци до крајот на јануари

Читај повеќе

Кога крцкањето на колената е опасно и треба да одите на лекар?

Читај повеќе

Дали е во ред да пиете кафе кога имате грип?

Читај повеќе

Прогласена најдобрата мачка во светот

Читај повеќе

Дали подгреаните тестенини се поздрави од тазе зготвените?

Читај повеќе

Собни растенија што се најдобри за вашиот дом во зима

Читај повеќе

Што се случува со крвниот притисок кога пиете вода?

Читај повеќе