71 година подоцна: Вратена слика украдена од нацистите

Уметничкото дело кое било украдено од еврејски брачен пар при нивното бегство од нацистичка Германија конечно се врати назад кај нивните наследници.

Сликата именувана како „Blumenstilleben“ насликана во 1913 година од германскиот уметник Ловис Коринт била само еден од многуте драгоцени предмети украдени од домот на Густав и Ема Мајер. Брачниот пар избегал од Франкфурт во Белгија во 1938 година кога почнала антиеврејската пропаганда во нацистичка Германија. Подоцна се стационирале во Обединетото Кралство.

После Втората светска војна, сликата со розеви цветови во сина вазна била изложена од страна на белгискиот Кралски музеј на уметноста откако властите не успеале да ги најдат нејзините сопственици.

Многу години подоцна, во 2008, истиот музеј побарал помош од јавноста за информации околу сликата. Тоа резултирало со стапување во контакт со адвокатот на наследниците на брачниот пар Мајер. Минатата година белгиските власти им ветиле на внуците на Густав и Ема дека сликата ќе им биде вратена. Во четвртокот музејот конечно ја симна сликата и им ја испрати на наследниците.

„Многу се среќни. Сигурен сум дека бил многу емотивен момент за нив“, рече нивниот адвокат Имке Гилен, цитиран од Ouest-France.

„Мислам дека и за музејот е многу важно да покажеме дека имаме етика и дека не бегаме од историјата“, за Deutsche Welle изјави директорот на музејот, Мишел Драге.

Минатиот месец францускиот парламент одобри враќање на 15 уметнички слики, вклучително и делата „Rosiers sous les arbres“ на Гистав Клим и „Le Pere“ на Марк Шагал, на нивните наследници од чии еврејски фамилии биле крадени од страна на нацистите.

И натаму во разни музеи, депоа и сефови ширум Европа има куп уметнички слики и други скапоцености за кои сè уште не се знае на чии еврејски фамилии им припаѓале.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе