80 години од бунтот на велешките гимназијалци против наметнатиот бугарски јазик

На денешен ден во 1942 година, или по бугарски три години пред Тито да ги „измисли“ Македонците, во велешката Гимнација „Кочо Рацин“ учениците се кренале на бунт поради наметнатиот бугарски јазик од страна на окупаторот.

Откако во образовниот процес на велешките гимназијалци почнал насилно да им биде наметнуван бугарскиот јазик на сметка на нивниот мајчин јазик, тие храбро го кренале својот глас и со поддршка на месното население застанале во одбрана од присилната асимилација од страна на бугарскиот фашистички окупатор.

Во нивниот бунт им се придружиле не само нивните родители, туку и голем дел од граѓаните на Велес.

Денес единствен жив сведок на овој настан е д-р Никола Стојанов, кој на својата 99-годишна возраст собра сили и одржа говор на 80-годишнината од овој важен настан во македонската историја. Стојанов бил и еден од организаторите на бунтот, заедно со Благој Кирков, Орце Иванов, Благој Јанушев и Анче Андреев.

„Професорите ни предаваа на бугарски, а ние одговаравме на македонски. Тие се бунеа, но ние не отстапувавме по што нѐ исклучија од сите гимназии во Бугарското Царство“, раскажува Стојанов, а целиот негов говор е во видеото подолу.

Remote video URL

Ако Тито со декрет ги создал Македонците во 1945 година по поразот на фашистичка Бугарија, тогаш зошто велешките гимназијалци, кои според бугарската историја биле Бугари, се бунеле против наметнатиот бугарски јазик?

реклама

Кога почнува староста?

Read more

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Македонија

Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Read more

ДИК за денешното прегласување: Се одвиваше непречено, без пријавени нерегуларности

Read more

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Комисија за заштита од дискриминација: 100% повеќе претставки, а буџетот ограничен

Read more
 

Вести

Фрагментирана интроспекција – изложба на скулптури на Слободан Милошевски во Неготино

Читај повеќе
  • filter

Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Читај повеќе

Светската пијанистичка ѕвезда Фазил Сај на официјалното затворање на концертната сезона на Македонската филхармонија

Читај повеќе

Вучиќ за гласањето на Резолуцијата за Сребреница: Ќе има разочарувачки вести за ставовите на некои земји за кои не очекувавме да ни забијат нож во грб

Читај повеќе

ДИК за денешното прегласување: Се одвиваше непречено, без пријавени нерегуларности

Читај повеќе

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Читај повеќе

Палевски спроведен во Кривичниот суд: Негира вина

Читај повеќе

Мајска сесија – Дојди да се преслушаме: На УКИМ голем концерт по повод Денот на Европа

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Фотографии сведочат за хаосот во сингапурскиот авион

Читај повеќе