9 декември 1824, Шпанците ја загубиле Јужна Америка со Битката за Ајакучо
На денешен ден во 1824 година се одвивала клучната битка која прво донела независност на Перу и Боливија, а потоа предизвикала домино ефект и за самостојност на останатите јужноамерикански земји.
Битката за Ајакучо се одвивала неколку километри до истоимениот град, а всушност била поблиску до градот Кинуа. На едната страна, односно поразената, биле Шпанците поддржани од перуанските ројалисти кои броеле од 7 до 9 илјади војници, а на другата здружените сили на Перу, Голема Колумбија и британски волонтери, војска која броела помеѓу 6 и 8 и пол илјади.
Шпанците доживеале тежок пораз: 1.800 загинале, 700 биле повредени, а 2-3 илјади заборени војници. Кај Перуанците загинале само 370 војници.
На чело на ослободителите бил Симон Боливар, кој по извојуваната победа бил наречен Ел Либертадор (Ослободувачот). Денес државата Боливија е именувана во чест на Боливар, кој всушност бил од Венецуела (чие целосно име е Боливарска Република Венецуела).