Адеми не го остава дресот со сонцето: Сакам, можам и ќе играм

Филип Здравески
/ 10.01.2023 / 15:35

Аријан Адеми стави крај на шпекулациите дека заминува во репрезентативна пензија откако јавно потврди дека и натаму ќе ѝ биде на располагање на македонската репрезентација.

Фото: ФФМ

Откако не одигра ниту еден натпревар од Лигата на нации минатата година, а не беше дел ниту од ноемвриските пријателски, чаршиските муабети велеа дека моторот во средниот ред на загрепски Динамо одлучил да не игра повеќе за Македонија Шпекулации одеа дотаму што се зборуваше и дека заедно со клупскиот соиграч Стефан Ристовски го бојкотирале селекторот Благоја Милевски. Тоа неодамна го дематираше и самиот Милевски.

Сега се јави и Адеми, кој потврди дека не само што нема никаков проблем со селекторот, туку и дека и ќе продолжи да игра за репрезентацијата во квалификациите за ЕУРО 2024, кои почнуваат во март. Нормално, ако е здрав.

„Одлучив да продолжам да играм за репрезентацијата. Сакам, можам и ќе играм. Зборував и со селекторот, тој сака да бидам таму, и ќе бидам“, изјави Адеми во интервју за хрватски Germanijak.

„Тешко ми е да се збогувам, бидејќи групата на луѓе таму е одлична, играме за нашата земја, се пласиравме на последното Европско првенство и сакаме да го повториме тоа. Иако сме во многу тешка група“, додаде.

Адеми му ја одзема топката на Николо Барела; Фото: ФФМ

Освен аутсајдерот Малта, против кого Македонија ги отвора квалификациите на 23 март во Скопје, противници во групата се великаните Италија и Англија, како и секогаш незгодната и солидна Украина, три репрезентации кои имаат иста цел - пласман на ЕУРО 2024.

„Свесни сме дека нема да биде лесно, но веќе ја победивме Германија, па Италија, и нема од кого да се плашиме. Знам дека Италијанците ќе бидат особено мотивирани против нас, бидејќи ги исфрливме од Мундијалот, но и ние ќе бидеме многу мотивирани и загреани, веруваме дека можеме да оствариме уште една голема победа“, заврши Адеми отстранувајќи ги сите дилеми околу репрезентативниот статус.

Адеми е македонски репрезентативец од октомври 2014, а досега собра 28 настапи на кои постигна и 4 голови.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе