Adidas го откри изгледот на топката со која ќе се играат полуфиналните натпревари и финалето на Европското првенство.
Топката е наречена Uniforia Finale и е дизајнирана во чест на стадионот Вембли на кој ќе бидат одиграни последните три натпревари од Еуро. Содржи графички елементикои го симболизираат изборот на Лондон за кулминацијата на турнирот.
„Топката содржи дополнителни детали во чест на локацијата и важноста на последните три меча од турнирот, а тие истовремено ја истакнуваат на теренот. Се работи за ватермарк деталите на Вембли, а тука е и дополнителниот бел принт. Контраст прават и зелената, цијан, црвената и розевата боја, кои се инспирирани од симболите на Лондон и традиционалните бои на темна позадина која претставува ноќно небо”, се наведува во соопштението на УЕФА.