Адвокати во САД го повикаа Facebook да се откаже од детскиот Instagram

МИА/КАЈГАНА
/ 11.05.2021 / 11:20

Националното здружение на адвокатите во САД го повика Facebook да се откаже од плановите за Instagram програмата за деца под 13-годишна возраст – Instagram Kids, наведувајќи ја како причина загриженоста за безбедноста и психичкото здравје на децата и штетата што социјалните медиуми може да ја направат притоа.

Во писмо до извршниот директор на Facebook, Марк Закерберг, 44 врвни државни и регионални адвокати тврдат дека социјалните медиуми може да бидат многу штетни за децата и дека Facebook не успеал да ја заштити благосостојбата на децата на своите платформи во својата практика до денес. Како пример, тие ја наведуваат апликацијата Messenger Kids, којашто „им дозволува на децата да ги заобиколат ограничувањата“ и да се приклучат на групни разговори со непознати.

„Facebook како да не реагира на потребата, туку ја создава, бидејќи оваа платформа првенствено им се допаѓа на деца кои инаку не би имале профил на Instagram. Накратко, платформата на Instagram за деца е штетна поради огромен број причини. Државните адвокати го повикуваат Facebook да се откаже од своите планови за лансирање на таа нова платформа“, се вели во писмото.

Тие го наведуваат и кибер-вознемирувањето на Instagram и злоупотребата од страна на луѓе кои ги експлоатираат децата на различни начини, како штетни појави. Само во 2020 година, Facebook и Instagram објавија 20 милиони слики на сексуална злоупотреба на деца, според адвокатите.

„Децата не се способни да се справат со комплексноста на она што го среќаваат на интернет, како што се рекламирање, несоодветна содржина и односи со туѓинци“, се истакнува во документот.

Кибер-вознемирувањето е еден од главните проблеми. Истражување од 2017 година покажа дека дури 42 отсто од младите корисници на Instagram доживеале вознемирување на интернет. А, децата денес минуваат повеќе време на интернет поради пандемијата на COVID-19, па има опасност дека овие проблеми само ќе се влошуваат, предупредуваат државните адвокати. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Вести

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе