Агуеро: Повеќе не гледам фудбал, ме плаши

Несреќниот Аргентинец уште повеќе се отвори за проблемите кои ги има во животот по проблемите со срцето поради кои предвреме ја заврши кариерата.

Како што веќе е познато, Серхио Агуеро беше приморан на 33 години да замине во предвремена пензија откако му беше дијагностицирана срцева аритмија. На натпреварот од Ла Лига против Алавес на 30 октомври 2021 година беше заменет во 42. минута откако не можеше да продолжи да игра поради замор. Тоа беше неговиот последен натпревар.

„Сакам да игра, но ми е страв. Цел мој живот тренирав до максимум и тоа во големи натпреварувања. Сега не ни гледам фудбал, ниту пак вести, не ми е гајле што се случува“, вели тој за TYC Sports.

Неодамна откри и дека пробал рекреативно да спортува, но многу брзо губел здив.

„Се концентрирам на она што најмногу го сакам, како пријателите. Од време на време ми се врти во глава мислата да се вратам во игра, но јасно ми е дека тоа е нешто што не можам да го направам. Ми беше кажано дека сум имал среќа затоа што лесно можело да се случи да имам срцев удар. Сега е време за релаксирање. Среќен сум со тоа што го правам“.

Тој требаше да биде во нападот на Аргентина на претстојниот Мундијал во Катар, да му помогне на својот кум Лео Меси да дојде до толку посакуваниот пехар на ФИФА. Но, сега сѐ што може да направи е само да ги поддржува своите поранешни колеги од националниот тим.

Претседателот на Аргентинската фудбалска асоцијација, Клаудио Тапиа, го поканил да биде дел од делегацијата на Аргентина на жрепката за групите на Мундијалот, која ќе се одржи на 1 април во Доха, по завршувањето на мартовските натпревари. Агуро треба да биде и на самиот Мундијал, како член на репрезентацијата, улога што ја имаше повредениот Дејвид Бекам во Англија на Мундијалот во 2010, како и нашиот Илија Несторовски на ЕУРО 2020.

„Сѐ уште зборуваме за тоа каква улога ќе имам. Претседателот отсекогаш беше љубезен кон мене и ме покани да дојдам (на жрепката, заб. на прев.). Ќе позборуваме уште малку, да видиме дали ќе отидам на мундијалската жрепка. Таму би бил со моите момци, со кои со сите добро се согласувам. Би бил таму со нив и би им помагам при стресни ситуации“.

Агуеро за репрезентацијата на Аргентина одигра 101 натпревар постигнувајќи 41 гол, а минатото лето ја освои и Копа Америка, единствениот трофеј со националниот тим.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе