Ахмети формира Европски фронт со Скендер Реџепи: Албанското тло е распарчено, потребно е да се засилиме

Договор за заеднички настап на изборите потпишаа денеска претседателот на ДУИ, Али Ахмети, и претседателот на Народното движење, Скендер Реџепи Зејд.

„Ние секогаш сме сонувале како Албанците ќе бидат обединети во еден фронт. Зошто сега се враќам на историја? Затоа што ги знам моите соништа. Големите нешта не се прават сами. Ова обединување на Албанците во Македонија е бидејќи нештата во глобалната политика одат лошо. Ова обединување е повеќе од потребно – треба да се поддржи од сите заедници во државата. Овој фронт ќе им излезе во пресрет на секој дел од општеството. Сите треба да ги поддржиме овие обиди кои произлегуваат затоа што Албанците историски изгубиле во одлучни моменти кога не биле обединети. Албанското тло е распарчено – затоа да се засилиме. Од денеска сме еден народ и едно тело и треба да ги реализираме соништата на нашите предци. Да не паѓаме во заседа на малите партии, туку да ја гледаме нашата историска мисија и да ја држиме во живот“, рече Ахмети по потпишувањето на договорот со Реџепи Зејд.

Лидерот на ДУИ го повтори постојаниот став дека само со членство во ЕУ ќе се спречат луѓето да бегаат од државатта.

„Русија не треба да се запостави. Веќе е во нашата земја и основала партија, има медиуми овде, основала милитанти овде кои сакаат да ни го попречат патот, за кој сме силно определени. Сакаме мирен и чист Балкан, регион кој што ќе се зачлени во ЕУ, како што влезе во НАТО“, додаде Ахмети.

Додаде дека е во преговори и со други партии за приклучување. Според него, тоа е процес кој е отворен подолго време.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе