Ахмети сведочел пред хашките истражители како основач на ОВК за периодот 1998-2000

Лидерот на ДУИ Али Ахмети бил повикан од Специјалното обвинителство за Косово во својство на сведок како еден од основачите на ОВК за перидот 1998-2000 година. Првиот вицепремиер Артан Груби тврди дека испрашувањето на Ахмети од хашките истражители е поврзано со активности на Косово, а не и во Македонија.

– Поканата дојде преку нашето обвинителство, на поканата пишува во кое својство е поканет во својство на сведок за неговата улога како основач на ОВК и како еден од коосновачите на народното движење на Косово за периодот од 1998 до 2000 година. Само во овој период и за тие активности. Во целото испрашување нема прашувано за какви било други активности во Македонија или во било која друга земја. Се однесува во својство на сведок само за околностите во Косово 98/00 и толкав е и мандатот на специјалното обвинителство на Косово, изјави Груби за ТВ Сител.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на 2 и 3 септември беше на распит пред истражителите на Меѓународниот суд за Косово со седиште во Хаг. По дводневното испрашување во канцелариите на ЕУЛЕКС во Приштина, Ахмети изјави дека бил интервјуиран во својство на сведок, но дека не може да даде информација до завршување на процесите пред меѓународниот трибунал.

– До завршувањето на овој процес не можам да споделам никаква информација со јавноста, затоа што така е предвидено со закон. Кога ќе добие епилог процесот, тогаш ќе можеме да говориме, тогаш тоа ни го дозволува и законот, изјави кратко лидерот на ДУИ.

реклама

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Read more

Регион

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Read more

Нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Read more
 

Вести

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Читај повеќе
  • play_arrow

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Читај повеќе

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе