АХВ: Небезбедна серија на сок од брендот ХИПП се повлекува од пазарот

Од пазарот се повлекува небезбедна серија од Органски био сок од јаболко од брендот ХИПП.

Се повикуваат потрошувачите кои го имаат купено посочениот производ истиот да не го употребуваат, односно да го вратат на местото каде е купен, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

– Врз основа на нотификацијата која преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја доби вчера во доцните попладневни часови, утрово, врз основи на извршена вонредна инспекциска контрола, на компанијата увозник и издаде решение и забрани пуштање во промет на небезбеден производ – Органски био сок од јаболко, во пакување од 0,2 литри, со лот А98967,од брендот HIPP, со рок на траење 31.10.2023 година. Повлекувањето, како што е истакнато во РАССФ нотификацијата, се врши поради детектирана опасност од присуство на туѓо тело, стои во соопштението од АХВ.

Оттаму дополнуваат дека бидејќи како небезбедна се смета целата серија од овој производ, на увозникот му е наредено да изврши и повлекување/отповикување на овој производ со наведениот лот од прометот. 

Според соопштението на Атлантиц Траде, производителот како причина за повлекувањето го наведува присуството на несакани честички во поединечни шишиња од производната серија (LA 98967) наменети за пазарот во Република Полска.

Истрагата покажа дека се работи само за поединечни шишиња од серијата кои беа испратени исклучиво на полскиот пазар. Другите производи од истата производна серија испратени на други пазари се исправни.

И покрај тоа, производителот HiPP веднаш реши да го повлече производот од македонскиот пазар поради грижа за безбедноста на потрошувачите. Потрошувачите можат да ги вратат  производите од споменатата серија на продажното место од каде се купени каде ќе им бидат вратени пари или ќе биде направена замена. ( оваа можност се однесува исклучиво на горе наведениот производ од конкретната производна серија со наведениот рок на траење), стои во соопштението.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе