Ако луѓето не покажат повеќе грижа за Земјата, „незапирливиот колапс“ е сѐ поблизу

Со растот на бројот на населението на Земјата и со прекумерната сеча, како што сметаат научниците, шумите би можеле речиси целосно да исчезнат.

Теоретските физичари, д-р Џерардо Аквино од Институтот Алан Туринг во Лондон и професорот Мауро Болоња од чилеанскиот универзитет Тарапака во нивното истражување истакнуваат дека луѓето ќе чувствуваат сериозни последици дури и пред да го урнат последното дрво, а измените вклучуваат загрозен опстанок на многу видови, вклучително и нашиот.

Пред развојот на човечката цивилизација, на планетата Земја имало 60 милиони квадратни километри шума. Новите податоци покажуваат дека сега тој број изнесува помалку од 40 милиони квадратни километри. Истражувањата на физичарите покажаа дека шансите да се избегне тој катастрофален исход се мали, или – во најдобар случај – имаме помалку од 10 отсто шанса да го избегнеме „незапирливиот колапс“, како што велат стручњаците.

Според нив, еден од поефикасните начини на справување со овие проблеми, е поголемата употреба на Сончевата енергија.

Друга позитивна работа, според написот, е тоа дека населението не расте како што многумина очекуваат. Уште повеќе, се очекува и значително намалување на тој параметар.

И, додека сѐ ова е прилично бавен процес, многу може да се направи со промени во пристапот или со радикална цивилизациска трансформација. Пред сѐ, тоа може да се случи ако се сосредоточиме повеќе на заедничките, отколку на личните интереси. Никој не вели дека ќе биде лесно, но на крајот на краиштата, „сè зависи од нас“, се нагласува во текстот.

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Вести

Новооткриени цртежи покажуваат дека Сахара пред 4.000 години била радикално различно место

Read more

Microsoft подготви ривал за Google Play Store и App Store

Read more

Boston Dynamics се пофалија со новиот робот

Read more

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Read more
 

Гик

Новооткриени цртежи покажуваат дека Сахара пред 4.000 години била радикално различно место

Читај повеќе

Microsoft подготви ривал за Google Play Store и App Store

Читај повеќе
  • play_arrow

Boston Dynamics се пофалија со новиот робот

Читај повеќе

Марс исфрла плазма од својата атмосфера во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Читај повеќе

Научниците открија нова функција на малиот мозок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нова теорија за тоа што ја предизвика имплозијата на подморницата Титан на пат до потонатиот Титаник

Читај повеќе

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Читај повеќе