Активистите на „Охрид SOS“ обвинуваат дека со механизација нелегално се вади песок од езерото

Граѓанската иницијатива за заштита на животната средина „Охрид SOS“ преку социјалните мрежи укажува на нелегални активности во крајбрежјето на Охридското Езеро, со објавени снимки на кои се гледа како механизација врши ископ на песок од литоралот на езерото.

Според „Охрид SOS“, станува збор за механизација на Нефи Усеини, за потребите на неговата нелегално изградена бетонска база на излезот од Охрид, лоцирана во непосредна близина на самото езеро.

– Локацијата каде се копа е во права линија со базата. Нашиот сограѓанин кој го сподели видеото се обидел да се доближи до машините и возилата, за подобро да види што се случува, но добил вербални закани, тврдат од еколошкото движење „Охрид SOS“.

– Зарем бетонската база не се демонтираше и рушеше? Дали Оливер Спасовски и Министерство за внатрешни работи ќе се одважат и ќе ги запрат овие активности на брегот и вистински, до крај, ќе ја спроведат акцијата за прекин на работата на нелегалната бетонска база? Што е приоритет: јавниот интерес, заштита на животната средина и почитување на правдата и законите или еден надмен поединец кој изминативе години е неприкосновен и оставен да прави што сака во општината, стои во статусот на „Охрид SOS“.

Истовремено, активистите на движењето бараат уште денеска брза и одлучна акција и запирање на дивото копање езерски песок од крајбрежјето, како и казни за физичките или правните лица кои ги изведуваат градежните активности.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Хроника

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Read more

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Read more

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Read more

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Читај повеќе

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе