Активни 20.313 случаи со COVID-19 во земјава, надлежните со апел и натаму да се почитуваат мерките

Бројот на активни случаи со COVID-19 во земјава изнесува 20.313 од кои најголем број 11.553 се во Скопје. Иако според податоците за состојбата со вирусот, бројот на новодијагностицирани се намалува и расте бројот на оздравени, сепак дневно се регистрираат по 20-ина починати.

Вкупно 448 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 105 болни лица, на Клиниката за инфективни болести лежат 132 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 44 пациенти.

Според министерот за здравство Венко Филипче, борбата со ковид-кризата ќе продолжи и на почетокот на следната година иако сега тендециите се такви да бројките укажуваат на тоа дека епидемијата на некој начин спласнува, помалку пациенти во болниците, повеќе термини за тестирање, се повеќе слободни болнички кревети, дури некои одделенија ќе се вратат во стариот претходен нормален режим на работа.

– Меѓутоа тоа не значи дека ние целосно ќе се опуштиме, сепак оваа борба досега не научи дека вирусот е многу непредвидлив и дека може да се случат изненадувања и понатаму и ние мораме да бидеме подготвени, истакна вчера Филипче на конференцијата на ЦИВИЛ, насловена „Перспективи 2021“.

Почнавме, рече Филипче, со зајакнување во рамките на здравствениот систем во еден дел кој значи справување со пациенти со COVID-19, меѓутоа еден многу специфичен дел заради тоа што овој тип пациенти бараат интензивно лекување.

– Да се зајакнат здравствените институции, јавно здравствените установи во делот кој значи интензивно лекување е навистина најкомплексниот и најтежок дел, бидејќи тој тип лекување бара најмногу и експертиза и знаење и опрема. Во таа смисла конечно ќе биде завршен овој проект со поставување модуларни болници и тие центри ќе се користат не само за третман на ковид пациенти, туку понатаму и за лекување на други пациенти на кои им е потребно таков тип лекување во смисла на централен довод на кислород, најсовремена опрема…, рече Филипче.

Тој на својот Facebook профил објави дека во тек е реализацијата на поставувањето на модуларни ковид центри низ државата, забрзано се работи на терен.

– Завршува монтажата во Штип и Кичево, а од денеска почнуваме со монтажа и во Гостивар и Струга. Во 16 општини, во кругот на болниците, формираме ковид-центри за третман и лекување на пациенти со COVID-19. Брза реализација е можна само со заедничка и меѓуинституционална соработка, јавното здравје е заедничка одговорност, напиша Филипче.

Во меѓувреме, Институтот за физикална медицина и рехабилитација со поддршка на Министерството за здравство подготви еден оддел кој ќе биде наменет за пациенти за пост ковид рехабилитација.

– Овие пациенти кои со денови, некои и недели, биле хоспитализирани заради COVID-19, се соочуваат со потешкотии и во дишењето и во движењето, кои побрзо и полесно се надминуваат со стручна помош, во смисла на респираторни вежби и физикални вежби за нивно враќање кон нормалните животни активности. Она што досега го гледаме како резултат од рехабилитацијата е исклучителен напредок кај овие пациенти. Некои доаѓаат во колички, неподвижни, изнемоштени, а по само две недели веќе одат самостојно, без помагала. Со ова, практично, одиме чекор понатаму во грижата за пациентите со COVID-19. Се грижиме не само за превенција, со вакцините кои се во најава и лекување, туку и рехабилитација која е навистина важен сегмент од секој напреден здравствен систем, потенцира Филипче.

Пациентите кои биле лекувани во домашни услови или се веќе испишани од инфективните одделенија, но се уште чувствуваат слабост и имаат проблеми со компликациите од болеста, можат да се јават на преглед во Институтот преку „Мој термин“, но и преку амбулантите во установата, со цел да бидат упатени за понатамошна амбулантска или болничка рехабилитација.

Во интервју за емисијата „Само интервју“ на Канал 5, премерот Зоран Заев вчера најави дека вакцинацијата за COVID-19 во земјата ќе започне најдоцна во март, дека вакцини ќе има доволно и дека целиот процес ќе се одвива според строго зацртани протоколи пропишани од Светската здравствена организација.

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пак вчера во емисијата „Што не е јасно“ на АЛФА телевизија зборуваше за вакцините и посочи дека основна задача на една Влада е да обезбедат вакцини меѓу првите, а не последни. Додаде дека пред мај, јуни, нема шанси тоа да се случи.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе