Александер-Арнолд и Рашфорд порачуваат: Бидете активни и дома
Трент Александер-Арнолд од Ливерпул и Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед учествуваа во заедничката кампања на Светската здравствена организација и ФИФА со порака за луѓето кои ги почитуваат мерките и седат дома да не забораваат дека и во домашни услови можат да бидат активни.
Во време кога целиот ден се поминува дома важно е да не се заборави и на физичката активност. Тоа што не шетаме надвор, не спортуваме, не посетуваме теретана, не значи дека нема начин и во домот да останеме активни, порачуваат СЗО и ФИФА.