Alfa Romeo: Ќе ги „нападнеме“ BMW X5 и Серија 7

Alfa Romeo ќе лансира два нови теренци и еден седан во класите над моделите Giulia и Stelvio, навести новиот извршен директор Жан-Филип Импарато.

Моделите, кои се очекува да бидат претставени во 2027 година, ќе се натпреваруваат на пазарот со автомобилите BMW X5, X6 и Серија 7, што ќе го сигнализира враќањето на Alfa Romeo во сегментот на големи премиум возила. Во интервју за AutoWeek, Импарато ги откри своите намери да понуди нови модели.

„Никому досега не сум кажал, но бидејќи сакаме да бидеме глобален премиум бренд на Stellantis и бидејќи сите во светот го знаат нашиот бренд сакам да лансирам врвен теренец“, рече шефот на Alfa.

Alfa Romeo е една од трите премиум брендови на групацијата Stellantis, веднаш до Maserati и францускиот бренд DS Automobiles. Затоа е логично италијанскиот производител да ги имитира ривалите како што се Mercedes-Benz и BMW, кои нудат многу поширок спектар на возила.

Импарато го потврди ова велејќи: „Одиме во најпрофитабилниот сегмент, таргетирајќи ги моделите како што се BMW X5, X6 и Серија 7“.

Теоретски, теренец со средна големина, заедно со поатрактивна купе-SUV варијанта и врвна лимузина би можеле да се привлечат поширока целна група кон Alfa Romeo. А сепак, тоа е она што Alfa веќе тврдеше дека ќе се случи со сегашните Stelvio и Giulia, кои не ја зголемија значително продажбата на брендот.

Исто така, новите модели ќе треба да се натпреваруваат со етаблираните германски ривали во нешто што се покажа исклучително тешко.

Интересно е тоа што шефот на Alfa ја избра BMW Серија 7 како модел на кој цели, наместо BMW Серија 5, што ќе има повеќе смисла како наследник на Alfa Romeo 166 (1996-2007) и неговите претходници. Ова може да има врска со профитните маржи кои се значително повисоки во поголемите сегменти, каде што луѓето продолжуваат да купуваат лимузини.

Ова не е првпат да слушаме ветувања од лидерите на италијанскиот производител за поголеми модели Alfa Romeo, по суспендираните претходни планови за седани и теренци базирани на механичката платформа Giorgio.

Денес, Alfa Romeo го покрива сегментот D со моделите Giulia / Stelvio позиционирани во однос на BMW Серија 3 / X3.

Alfa, исто така, неодамна зачекори во сегментот на луксузни компактни теренци со моделот Tonale, додека во блиска иднина веќе е потврден уште помал, целосно електричен кросовер.

Почнувајќи од 2027 година, италијанскиот бренд ќе лансира исклучиво целосно електрични модели, што значи дека новодојдените ќе бидат понудени само во форма на EV.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more
Величествен крај: Кинеската вселенска лабораторија изгоре во атмосферата на Земјата

Величествен крај: Кинеската вселенска лабораторија изгоре во атмосферата на Земјата

Read more
Прв смртен случај од корона вирусот надвор од Кина, вкупно 305 починати досега

Прв смртен случај од корона вирусот надвор од Кина, вкупно 305 починати досега

Read more

Авто новости

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе