Amazon и Google под истрага за лажен рејтинг на производи

Регулаторот за конкурентност во Велика Британија започна официјална истрага за да утврди дали Amazon и Google презеле доволно мерки за борба против лажниот рејтинг на производите.

Агенцијата за конкурентност (CMA) соопшти дека ќе собере повеќе информации за да одлучи дали компаниите го прекршиле законот за заштита на потрошувачи со тоа што не презеле доволно сеопфатни мерки за заштита на клиентите. Првичната истрага на CMA, започната во мај 2020 година, ги анализираше внатрешните системи и процесите на неколку платформи за идентификување и решавање на нарачаните рејтинзи на производите.

„Загрижени сме што читањето фалсификувани рејтинзи може да наведе милиони онлајн купувачи до погрешни заклучоци и потоа да потрошат пари врз основа на тие препораки“, рече извршниот директор на CMA, Андреа Косели.

Amazon: Ќе помогнеме во истрагата

Регулаторот исто така изјави дека е загрижен што системите на Amazon не успеале соодветно да спречат манипулација со рангирање на производи и да ги одвратат дилерите од ваквите практики.

„Едноставно не е фер ако некои компании фалсификуваат рејтинзи што им дава на нивните производи или услуги пет ѕвезди и со тоа видно место на скалата, додека компаниите што го почитуваат законот губат“, додаде Косели.

CMA минатата година презеде акција за ограничување на трговијата со рејтинг на производи, што резултираше во отстранување на одредени групи од Facebook, Instagram и eBay и забрана за поединци да купуваат и продаваат оценки на нивните страници.

Регулаторот нагласи дека сè уште не одлучило дали Amazon и Google го прекршиле законот за заштита на потрошувачите. Доколку заклучи дека е така, може да преземе мерки кои се движат од барање од компаниите официјално да се обврзат на промена на политиките, до судска парница. Амазон соопшти дека ќе продолжи да ѝ помага на CMA во истрагата.

„Ние сме решени да ја заштитиме нашата трговија и ќе преземеме чекори за запирање на лажните рејтинзи, без оглед на големината и локацијата на оние кои го прекршиле законот“, рече портпаролот.

Google не одговори веднаш на барањето да даде коментар за истрагата.

реклама

Бизнис

Јапонија се повлекува од нуклеарниот проект во Виетнам

Read more

Како Кина ја добива трговската војна?

Read more

Цените на нафтата благо растат втора недела по ред

Read more

IKEA купува шуми во Латвија и Литванија

Read more
 

Вести

Kyiv Post: Русија евидентира загинати војници како „дезертери“

Читај повеќе

Зошто министерот за војна Хегсет ја „смени песната“ за Трамп?

Читај повеќе

ГП Богородица и Меџитлија се блокирани за влез и за излез

Читај повеќе

Јапонија се повлекува од нуклеарниот проект во Виетнам

Читај повеќе

Белата куќа врши притисок врз Нетанјаху

Читај повеќе

ЕУ драстично ги заострува ограничувањата за мигрантите

Читај повеќе

Скопјанка измамена за 170.000 денари со повик за лажна сообраќајка

Читај повеќе

Денеска се празнува Свети Климент Охридски

Читај повеќе
  • filter

Студенти „светнаа“ две слики на мајсторот Мартиновски

Читај повеќе