Американците вооружија робот: Terminator беше предупредување, а не упатство

Компанијата Ghost Robotics, специјализирана за воени роботи, произведе робот на кој постави снајперска пушка.

„Ние ги одржуваме САД и нашите сојузнички специјални сили опремени со најновите иновации“, објави Ghost Robotics во твит со фотографија од робот со четири нозе, опремен со снајперска пушка.

Самата пушка SPUR е произведена од Sword InternationaI, компанија која произведува оружје и ја опишува како „автоматски контролирана пушка за специјални намени“.

„SPUR е дизајниран да нуди прецизен оган од автоматизирани платформи како робот Vision-60 произведен од Ghost Robotics. Благодарение на своите напредни сензори, SPUR може да работи во различни временски услови, и дење и ноќе", се вели на веб-страницата на Sword International.

Не е познато какво ниво на автономија има роботот со четири нозе Ghost Robotics, како и дали е наменет да го контролира човек, пишува порталот Futurism. Она што е познато е дека пушката користи куршум од 6,5 милиметри, кој е развиен за истрели од далечина.

URL

Експертите згрозени

Новинарите на порталот Futurism разговараа со експертите за вештачка интелигенција, кои се згрозени од тешко вооружениот робот.

„Ова ја преминува моралната, правната и техничката граница и нѐ води во правец на мрачен и опасен свет“, рече Тоби Волш, професор по вештачка интелигенција на Универзитетот во Сиднеј.

„Таквото оружје ќе го користат терористите и државите што го загрозуваат меѓународниот мир“, додаде Волш.

Професорот Волш додава дека, иако не е познато колку е автономен роботот со четири нозе, светските армии веќе ја замаглуваат границата на разграничување помеѓу смртоносните беспилотни летала и оние со автономни способности за гаѓање.

„Ова ќе ги замолчи оние што тврдат дека сме сѐ уште далеку од таквите технологии“, рече професорот Волш.

Тој потсети на минатогодишниот инцидент кога ирански научник беше убиен од израелски роботски снајперист кој користи вештачка интелигенција.

„Само се надевам дека овој развој на настаните ќе ги забрза разговорите што се водат во ОН за регулирање на таквите технологии и ќе ги замолчи оние што тврдат дека сме сѐ уште далеку од таквите технологии. Не сме“, рече Волш коментирајќи го роботот.

Стјуарт Расел, компјутерски научник од Универзитетот во Беркли, кој опширно пишува за смртоносни автономни системи, рече дека на социјалните мрежи забележал претежно негативни реакции на вооружениот робот.

„Тоа е затоа што нормалните луѓе разбираат дека е лоша идеја да дозволите роботите сами да одлучуваат за убивањето луѓе. Како што напиша некој, филмот Terminator беше предупредување, а не упатство“, рече Расел.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе