Американската полиција трага по сериски убиец во Калифорнија

Пет убиства во изминатите неколку месеци се чини одека се дело на едно лице, соопшти полициската управа на Стоктон, град во американската сојузна држава Калифорнија.

Првото убиство е извршено на 8 јули, сите жртви се од машки пол и биле сами кога ги убивале ноќе или во раните утрински часови. Ниту еден од убиените не е ограбен, ниту пак е поврзан со дрога или со банда.

Полицијата тврди дека има и физички докази кои ги поврзуваат петте места на злосторствата.

Оттаму јавно не идентификуваа ниту една жртва, но, се огласи член од семејството на петтата, Лоренцо Лопес.

– Тој беше само човек кој се најде на погрешно место во погрешно време, во погрешни околности, изјави неговиот брат Џери Лопес.

Грета Богоу за ABC News потврди дека нејзиниот син Пол Александер Џеј, кој имал 35 години, е убиен на 8 јули.

– Беше добро момче кое порасна во добар човек со големо срце. Секогаш ќе живее во нашите срца. Секогаш беше тука за нас. Сè уште не ми се верува дека нема да се врати. Се надевам оти ова ќе помогне да се фати убиецот, раскажа Богоу.

Градот Стоктон, како што соопшти, нуди награда од 85.000 долари за информација што би довела до апсење на убиецот.

По убиството на Лопес, полицијата на Стоктон на прес-конференција посочи дека не е сигурна оти убиствата се поврзани.

– Сè уште гледаме од случајна гледна точка, но, забележуваме некои сличности. Немаме апсолутно ниту еден доказ што би нè навел да веруваме дека едно лице дивее во градот Стоктон убивајќи луѓе, појасни шефот на полицијата Стенли Макфеден.

Меѓутоа, тоа се промени два дена подоцна, кога петте убиства беа поврзани и беше објавена фотографија од лицето кое се сомничи за злосторствата. 

реклама

Исплива видео со Ивана Кнол од 2016: Како изгледаше порано „огнената“ Хрватка?

Read more

Кака: Роналдо е само дебел човек на улица во Бразил

Read more

„Тотален хаос“ во гигафабриката на Tesla во Берлин

Read more

Од полноќ поголемо намалување на цените на горивата

Read more

Свет

Уапсени четири лица под сомнеж за корупција во Европскиот парламент

Read more

Платениците на Вагнер се приклучија во безмилосната борба за Бахмут

Read more

Моментот кога кошаркарката Грајнер беше разменета за рускиот „трговец на смртта“

Read more

Екстремизмот во германската војска може да стане проблем за цела Европа

Read more
 

Вести

Приведени двајца насилници кои нападнале скопјанец

Читај повеќе

Уапсени четири лица под сомнеж за корупција во Европскиот парламент

Читај повеќе

Наташа Габер-Дaмјановска реизбрана за директор на Академијата за судии и јавни обвинители

Читај повеќе

Платениците на Вагнер се приклучија во безмилосната борба за Бахмут

Читај повеќе

Ќе се дише ли зимава?

Читај повеќе

АХВ: Регистрирана афиканска чума во одгледувалиште во кумановското село Тромеѓа

Читај повеќе

Одбиени уште 26 амандмани на Предлог-буџетот за 2023 година

Читај повеќе

Лажни и денешните дојави за бомби во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Моментот кога кошаркарката Грајнер беше разменета за рускиот „трговец на смртта“

Читај повеќе