Американски разузнавач: Време е да се каже вистината за вонземјаните, луѓето можат да се носат со тоа

Макфакс
/ 05.06.2023 / 09:51

Кристофер Мелон, поранешен американски разузнавач, ја повика федералната влада да објави информации за наводен проект за обратен инженеринг (процес на репродукција на технологија или производ, т.е. обратна анализа и истражување за да се одреди составот и компонентите, како се направени и функција, функционални карактеристики итн.) која вклучува неидентификувани летечки објекти (НЛО).

Мелон, поранешен заменик-помошник секретар за одбрана за разузнавање, кој е специјализиран за НЛО, напиша во авторски текст во изданието на Politico објавено во саботата дека добил извештаи оти владата се вклучила во „проект за обратен инженеринг“ во кој се вклучени НЛО. Тој ја повика владата да ги објави сите записи, пренесува Newsweek, кој не може самостојно да ги потврди извештаите.

Мелон наведува дека упатил четворица сведоци до Канцеларијата за решавање на аномалии на сите домени (ААРО – канцеларија во рамките на Канцеларијата на секретарот за одбрана која истражува НЛО и други феномени во воздухот, морето, вселената и на копното) кои тврделе да има сознанија за тајна владина програма „која вклучува анализа и експлоатација на материјали пронајдени од несветски (земјени) летечки објекти“, и дека бил контактиран од други извори за „наводна тајна програма за обратно инженерство на американската влада“.

Тој наведе голем број причини зошто смета дека сите информации за овие наводни проекти треба да бидат јавни. Мелон посочува дека Американците „имаат право да ја знаат вистината“ за тоа дали владата има проекти за обратно инженерство на НЛО и дека луѓето „можат да се носат“ со какви било информации за вонземјани.

Откривањето на таквите информации, исто така, може да им помогне на глобалните лидери „да развијат ефективно одвраќање“ против напад, напиша тој, истакнувајќи дека нема знаци на „агресија“.

Мелон, исто така, појасни неколку научни предности од откривањето на какви било информации.

„Ако сме репродуцирале неземјени технологии, нашите најдобри и најпаметни умови треба да бидат ангажирани во нивното оценување. Претпоставувајќи дека технологијата на погон на неидентификувани аномални феномени (УАП) е различна од сѐ што ѝ е познато на јавноста, успешна програма за обратно инженерство може да доведе до револуција во енергијата, транспортот и технологијата на материјали. Можеби ќе можеме да ја забрзаме транзицијата кон чиста и евтина енергија, можеби дури и да развиеме суперспроводливи материјали и погонски технологии кои сега се тема на холивудските филмови“, вели поранешниот разузнавач.

Мелон не е првиот човек што го поставил прашањето за обратното инженерство на НЛО. Американскиот конгресмен Тим Бурчет, републиканец од Тенеси, во март изјави за Newsweek дека верува дека „во одреден момент најдовме летало, а можеби и суштества“. „Мислам дека многу работи во моментов се измислуваат обратно, но ние едноставно не го сфаќаме тоа“, рече конгресменот.

Во април, војската на Соединетите Држави декласифицираше досега видени видеа од НЛО за време на сослушување во Сенатот.

Гледањето на НЛО со векови го буди интересот на милијарди луѓе ширум светот. Иако овие гледања често се лесно објаснети – понекогаш тоа се вообичаени вселенски објекти како метеори или воена опрема – тие често наведуваат многумина да размислуваат за можноста за вонземски живот. Во последниве години, очите на јавноста повторно беа свртени кон НЛО, а многумина ја повикаа американската влада да биде потранспарентна во врска со забележаните појави.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе