Американскиот Сенат донесе важен закон за истополовите бракови

Американскиот Сенат вчера усвои нацрт-закон со кој се заштитуваат истополовите бракови низ САД, мерка што доаѓа како одговор на загриженоста дека Врховниот суд може да ја поништи одлуката од 2015 година со која се легализирани истополовите бракови на национално ниво.

Нацрт-законот, со кој се бара од федералната влада да го признае бракот доколку е легален во државата каде што бил склопен, треба да биде заштитен механизам доколку Врховниот суд пресуди против истополовите бракови.

Мерката нема да им забрани на државите да блокираат истополови или меѓурасни бракови доколку Врховниот суд им го дозволи тоа.

„Денес, долгиот, но неуморен марш кон поголема еднаквост оди напред“, рече лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер.

„Со усвојувањето на овој предлог-закон, Сенатот испраќа порака што секој Американец треба да ја слушне: без разлика кој сте или кого сакате, и вие заслужувате достоинство и еднаков третман според законот.“

Законот доби 61 глас, еден повеќе од потребните 60 за негово донесување. Против беа 36 сенатори. Дванаесет републиканци им се придружија на 49 демократи во поддршката на законот. Еден демократ, Рафаел Ворнок од Џорџија, беше отсутен, како и двајца републикански сенатори.

Сличен, но не идентичен предлог-закон усвоен во Претставничкиот дом на почетокот на годинава со поддршка на 47 републиканци и сите демократи. Претставничкиот дом треба да ја одобри верзијата на Сенатот пред да биде испратена до претседателот Џо Бајден за да биде потпишана како закон.

Во јуни, Врховниот суд го укина правото на абортус, ставајќи крај на половина век од ова право на територијата на целата држава.

Ссудијата на Врховниот суд Кларенс Томас напиша дека судот треба да размисли за поништување на други одлуки кои ги штитат индивидуалните слободи, вклучувајќи ја и пресудата за хомосексуалните бракови од 2015 година.

Околу 568.000 венчани истополови двојки живеат во Соединетите Американски Држави, според Бирото за попис на САД.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе