Анализа на АВМУ: Медиумите немаат сеопфатна политика за родова еднаквост

Скопје, 28 март 2022 (МИА) – Приватните медиуми и јавниот сервис немаат сеопфатна политика за родова еднаквост, а само некои медиуми имаат обезбедено пропорционална репрезентација на новинарки во својата главна информативна програма, ова беа само дел од заклучоците од анализата што беше презентирана на денешниот јавен состанок на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

Игор Мицевски, од институтот РЕСИС, истакна дека општата слика во целиот домен на медиумскиот систем покажува доминантност кај мажите во однос на жените во спортската програма.

Колкава фреквенција, времетраење и во колку различни улоги во спортската програма се појавуваат женски и машки учесници и кои типови и на спорт добиваат најголема покриеност и колку од тие спортови се во машка, а колку во женска конкуренција, биле истражувачките прашања кои биле опфатени во анализата.

– Може да се види дека по редовната спортска информативна програма, има доминација на спортовите во машка конкуренција, очигледна е таа доминација нешто над 89 проценти од информативната програма на приватните телевизии се однесува на машка конкуренција, само нешто над осум проценти спортови се во женска конкуренција, изјави Мицески.

Анализата укажува на тоа дека спортските редакции немаат „самосвесна родово сензитивна уредувачка политика“, посочувајќи дека олимписките игри доведуваат до зголемено присуство на спортовите во женска конкуренција на програмите.

За време на Олимписките игри има зголемување на покривањето на спортови во женска конкуренција за 20 проценти, што во суштина, според Мицески, е огромно зголемување, но тоа не е доволно за да се направи целосна родова рамнотежа.

Додека пак кај спортските експерти, односно работници во информативните програми, разликата е уште подрастична отколку кај спортистите.

– Експертите се речиси целосно отсутни од редовната програма, а за анализите за спортски настани редакциите барале машки спортски работници. Олимписките игри го зголемуваат учеството на спортски експерти во информативната програма, но тоа е многу далеку од обезбедување на рамнотежа, појаснува Мицески.

Воедно тој истакна и дека забележаниот опаѓачки тренд на присуство на жените може да се должи и на можен ефект на Ковид-кризата во 2021 година.

Мицески додаде дека само некои медиуми во своите содржини имаат обезбедено родова пропорционалост ослободена од стереотипи.

– Од сето она што како институција го собравме како инфо и од она шпто досега било објавувено, било како новинарски текст, истражување, како и од нашето учество во изработката на новата стратегија за родова еднаквост, има една алка која недостига што го опфаќа ова истражување, а тоа е еден увид во тоа како конкретно низ податоци се известува и за спортистите и за спортистките, затоа што постоеа впечатоците но беа потребни бројки за да се градат политики, се надоврза Емилија Петреска-Камењарова, помошник раководител на сектор во АВМУ.

Според неа, кога се планираат емисиите може да се најде начин како да се инфомира што се прави во женскиот спорт.

– Ако сакаме да се развива, потребно е луѓето да знаат дека женскиот спорт постои, да се знае какви се состојбите во него, луѓето да знаат што е она што е потребно да се измени таа ситуација, подвлече Петреска-Камењарова.

На состанокот од страна на Агенцијата воедно беа презентирани и донесените решенија за прекршоци од страна на медиумските куќи. Па така информираа дека во првиот квартал од 2022 година, заради констатирани непочитувања донесени биле осум решенија по преземена мерка јавна опомена.

– Од нив пет за радиодифузер и три поради неисполнување на обврската за дневно емитување најмалку 30 проценти изворно создадена програма, од која најмалку половина од периодот помеѓу 7 и 19 часот, два заради необезбедување информации кои што треба да се направат достапни за корисниците, еден за непочитување на правила за заштита на малолетната публика, еден за непочитување на правилата за употреба на јазикот во програмата и еден поради необјавување на податоци за импресум, соопштија оттаму.

Кај каналите на јавниот сервис како МРА 1, МРА 2, МРА 3, пак, информираа дека при надзорите не биле констатирани прекршувања.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Read more

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Read more
 

Вести

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе