Анчелоти дефинитивно станува селектор на Бразил - ќе прекине традицијата стара 60 години

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти (64) по истекот на договорот со Реал Мадрид ќе ја преземе репрезентацијата на Бразил од Копа Америка 2024, што ќе се одржи во јуни и јули следната година во САД.

Веста рано утрово ја објави агенцијата France Presse, повикувајќи се на добро информирани извори од Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ), а набрзо ја потврди и претседателот на Федерацијата, Едналду.

Претходно беше најавено дека тренерот на Флуминенсе, Фернанди Диниз, ќе го предводи петкратниот светски шампион додека Анчелоти не седне на селекторското столче.

URL

Анчелоти има договор со Реал до јуни 2024 година и во неколку наврати изјави дека сака да го одработи до крај.

Да потсетиме, Тите ја извршуваше функцијата селектор на Бразил од 2016 година до декември минатата година на Мундијалот во Катар, каде Хрватска ги исфрли во четвртфиналето.

Анчелоти ќе стане и четвртиот странец кој го предводел Бразил, а прв по речиси 60 години. Последен пат странец го водеше Бразил во 1965 година кога Аргентинецот Фулпо Нуњес беше коселектор на еден пријателски натпревар. Претходно Во 1944 година Португалецот Жорека го водеше Бразил како коселектор на две пријателски, а во 1925 Уругваецот Рамон Платеро исто беше коселектор на Јужноамериканското првенство. Бразил никогаш не бил воден од странец на Мундијал, а Анчерлоти би требало тоа да го стори на светскиот собир во 2026 година со Канада, САД и Мексико.

До преземањето на Анчелоти, Диниз паралелно ќе раководи со Флуминенсе и бразилската репрезентација.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Read more

Фудбал

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more
 

Спорт

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе