Ањели објасни: Зошто си дадов оставка како претседател на Јуве?

Андреа Ањели вели дека не му било лесно да си поднесе оставка од функцијата претседател на Јувентус, но тоа го направил со цел да избегне влијание врз одлуките во истрагата која е во тек во овој клуб.

Сега веќе поранешниот претседател на „Бјанконерите“ го водеше неговиот последен состанот со акционерите во Торино. Тој си поднесе оставка на 28 ноември заедно со сите останати од бордот на директори, вклучително и потпретседателот Павел Недвед и извршниот директор Маурицио Аривабене.

По понеделник, 26 декември, Exor, холдинг компанијата која контролира дел во клубот, именуваше нови членови на бордот кои официјално ќе бидат назначени денеска.

Ањели денешниот состанок на акционерите го отвори со краток говор: „Му посакувам сѐ најдобро на идниот претседател Фереро и на новиот извршен директор Сканавино. Ќе направам натамошни проценки во бордот на директори на наредниот состанок на 18 јануари“.

„Напуштањето на функцијата претседател за мене не беше лесна одлука. Освен што го сакам Јуве, напорно работев за да се постигнат неверојатни резултати последниве години, на и вон теренот“,

„Оваа одлука ја донесов најискрено, останувам убеден дека завршивме одлична работа изминативе години, мислење кое беше потврдено последниве недели преку анализите на бројните експерти: Јувентус ќе покаже легитимитет на секое поле“.

„Сметав дека е правилно да се повлечам, за да се избегне било кој да помисли дека изборите и одлуките кои отсега па натаму ќе бидат направени се условени од мојата лична вклученост“.

„Ми беше чест што бев претседател на Јувентус, кој доаѓа пред сѐ и пред секого. Фино ала фине!“.

Ањели беше назначен за претседател на Јуве во 2010 година. Под негово водство клубот освои 19 трофеи од кои 9 Скудета и по 5 пехари во Копа Италија и Суперкопа. Двапати беше на чекор од пехарот во Лигата на шампионите, но губеше во финалните натпревари. Јуве заедно со 12 од неговите сегашни и поранешни директорти се под истрага за наводни манипулации во сметководството и лажни пазарни извештаи, меѓу останатите обвинувања.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Фудбал

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Read more

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за репрезентација

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе