Ангела Меркел: Не жалам што се потпирав на рускиот гас

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел повторно ја бранеше својата политика на силно потпирање на Германија од увоз на енергија од Русија за време на нејзиниот мандат, тврдејќи дека тоа била правилна одлука во тоа време, објавија денеска германските медиуми.

„За периодот на транзиција ни требаше гас од Русија за еден ден тие да се префрлат на облици на енергија без јаглерод диоксид“, рече Ангела Меркел на тркалезната маса во Лисабон вчеравечер.

Таа објасни дека во времето кога била на чело на германската влада, потпирањето на рускиот гас изгледало како најлогично решение. 

„Од тогашна гледна точка, беше рационално и само по себе разбирливо да се купува гас од Русија преку гасоводот наместо да се увезува скап течен гас од други делови на светот како Саудиска Арабија, Катар или САД“, рече Меркел, додавајќи дека „човекот постапува според времето во кое живее“.

Таа особено посочи дека во моментот кога Германија донела одлука за постепено затворање на нуклеарните централи и електрани на јаглен, потребна е замена за овие извори на енергија.

Поранешната германска канцеларка, која беше на чело на германската влада повеќе од 16 години, објасни дека Русија, односно Советскиот Сојуз, била сигурен партнер дури и за време на Студената војна кога станувало збор за снабдување со енергија.

„Не верувам во доктрината 'промена преку трговија', но верувам дека контактите можат да се зајакнат преку трговијата. И затоа денес не жалам за тогашните одлуки, но мислам дека тие беа исправни од тогашна перспектива“, рече Меркел во Лисабон на состанокот организиран од Фондацијата Гулбенкијан.

Поради рускиот напад врз Украина и прекинот на испораките на гас од Русија, Германија се сврте кон увозен течен гас и ја забрза изградбата на терминал за LNG на северот на земјата.

И покрај целосниот прекин на испораките од Русија, германската влада денеска соопшти дека резервоарите за гас се полни 95 отсто, неколку дена пред најавениот рок 1 ноември.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Read more

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more
 

Вести

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе