Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен, Еуростандард банка е изолиран случај

Банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен, порачаа од Народна банка. Во изјава за МИА, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, повторно ја истакнува оваа порака.

– Укинувањето на дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје е изолиран случај, којшто нема влијание врз другите банки во системот. Показателите за банкарскиот систем, со исклучување на оваа банка бележат подобрување, покажувајќи поголема отпорност на системот во целина, изјави Ангеловска-Бежоска.

Според неа, отпорноста на банкарскиот систем се потврдува, како што вели, и во овој период, во којшто економијата е под влијание на здравствената криза предизвикана од пандемијата на COVID-19.

– Пресекот на состојбите кај банките со крајот на првото полугодие од оваа година покажува дека тие и покрај зголемената неизвесност во глобалната и домашната економија, остварија солидни резултати, нагласува гувернерката за МИА.

Инаку, како што пред неколку дена соопштија од Народната банка, капиталот на банките дополнително зајакна во првите шест месеци од оваа година, како резултат на задржување на најголемиот дел од нивните добивки за зголемување на нивниот капитал. Ваквиот резултат банките го постигнаа следејќи ја препораката што Народната банка им ја упати на почетокот на ковид-кризата.

– Ликвидноста со која банките располагаат се задржа на високо ниво, и покрај тоа што тие привремено ги одложија наплатите на значаен дел од кредитите, а со тоа намалувајќи ги вообичаените парични приливи. Банките го олеснија финансискиот товар на граѓаните и компаниите, но истовремено продолжија со солидна кредитна поддршка, вели Ангеловска-Бежоска во изјавата за МИА.

И најновите податоци за кредитниот раст коишто ги објави Народната банка, потврдуваат дека непречената кредитна поддршка за економијата продолжи и во текот на корона-кризата.

– Ова не беше случај во периодот на претходната глобална криза, кога кон крајот на 2008 година и особено во текот на 2009 година дојде до значително забавување на кредитниот раст во македонската економија. Здравоста на билансите на банкарскиот систем, заедно со низата досега преземени мерки од страна на Народната банка придонесуваат и за олеснување на финансиските услови и за натамошно одржување на кредитниот циклус и тоа на ниво коешто е над очекувањата согласно со нашите проекции, вели гувернерката.

Според статистиката на централната банка, депозитите на граѓаните и компаниите пораснаа значајно над очекувањата на Народната банка со априлските проекции. Ваквите движења, според Ангеловска-Бежоска се само дополнителна потврда за стабилноста и подготвеноста да одговорат на потребите на реалниот сектор, но и на довербата што депонентите ја имаат во банкарскиот систем.

Пред неколку дена, по одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка и од Македонската банкарска асоцијација известија дека сите други банки и штедилниците се стабилни и сигурни.

– Ниту една друга банка не е изложена на ризик којшто може да се одрази на нарушување на нејзината стабилност и солвентност. Банкарскиот систем се одликува со исклучително прудентно работење и отпорност на шокови, соопштија од Асоцијацијата.

Притоа, од таму посочија дека депозитите во сите банки и штедилници се сигурни, а дека банките и штедилниците ќе продолжат со проширување на понудата на депозитни производи, следејќи ги современите трендови и потребите на клиентите.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Бизнис

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе