Анимација од идната историска мисија на НАСА и SpaceX
НАСА и SpaceX ја одложија мисијата за испраќање двајца астронаути на Меѓународната вселенска станица со ракетата Falcon 9. Тоа ќе биде историска мисија бидејќи по скоро деценија за првпат ќе бидат лансирани астронаути од американска територија.
Последен пат НАСА лансираше астронаути во 2011 година. Мисијата беше откажана во последен миг поради лошите временски услови и презакажана за утре.