Анистон ја откри тајната на својот изглед - секојдневно следи неколку правила

Актерката Џенифер Анистон неодамна им откри на медиумите кои работи ги прави секојдневно за да остане во форма.

Откако се појави на насловната страница на магазинот CR Fashion Book, нејзиното издание каде позира облечена во бикини само со црно сако привлече големо внимание.

Анистон за овој магазин откри што прави секој ден за да го одржи сегашниот изглед. Имено, таа истакна дека следи четири правила.

„Пијам многу вода, вежбам секој ден, се трудам да јадам цела, свежа храна и да спијам колку што можам повеќе“, изјави 54-годишната актерка, наведувајќи дека поголем предизвик ѝ е да спие повеќе.

Покрај тоа, таа вели дека внимава што прави секојдневно и какви медиумски содржини консумира. Затоа, не претерува со гледање вести.

„Нашиот свет навистина минува низ некои предизвици и знам дека сите се грижиме многу, но понекогаш мислам дека е императив да ја исклучиме вревата“, додаде таа.

Кога станува збор за вежбањето, истакнува дека го користи таканаречениот Pvolve метод. Ова е метод што ја користи науката за одредување и комбинирање на функционална кондиција со мал напор и опрема базирана на отпор.

„Ги охрабрувам луѓето да го пробаат и да се уверат сами. Без оглед на нивото на вашата кондиција, тоа е тренинг каде навистина можете да започнете таму каде што сте. Тренинзите се помалку стресни“, додаде Анистон.

Во интервју за овој магазин, таа зборуваше за својата коса и за нејзиниот проект за линијата за нега на коса LolaVie, но и за нејзината секојдневна инспирација и глума.

реклама

Филм & ТВ

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more
 

Сцена

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе