Џенифер Анистон проговори за Метју Пери во своето прво интервју по смртта на нејзиниот колега од серијата „Friends“, што особено ја погоди.
„Беше среќен. Беше здрав. Се откажа од пушењето. Влегуваше во форма. Беше среќен - тоа е сè што знам“, низ солзи рече Анистон во интервју за Variety.
„Буквално се допишував со него тоа утро, смешниот Мети. Не го болело. Не се мачел. Беше среќен. Сакам луѓето да знаат дека навистина беше здрав. Работеше толку напорно. Навистина доби тешка работа. Многу ми недостига. На сите ни недостасува. Човеку, како нѐ смееше“, додала таа.
Во својата автобиографија, Пери откри дека со години бил вљубен во Анистон, а неговата ненадејна смрт тешко ја погодила 54-годишната актерка.
„Од преостанатите пет, Џен и Кортни Кокс се мачат најмногу, а Џен е веројатно таа која најтешко се справува со тоа. Ова е втора голема загуба за помалку од една година, а годишнината од смртта на нејзиниот татко е речиси на прагот. Оттогаш, таа сè уште не застана целосно на нозе, а сега е навистина погодена од ова“, открил извор за Daily Mail по погребот на Пери.
Да потсетиме, Метју Пери почина на крајот на октомври на 54-годишна возраст. Беше пронајден мртов во неговото џакузи.
Првите резултати од токсиколошкиот тест потврдија дека актерот не консумирал фентанил или метамфетамин и дека во неговото тело нема траги од овие недозволени супстанци.