Анкета: Бугарите и Грците најзадоволни од животот меѓу жителите на Европа во услови на пандемија

Бугарите и Грците се најзадоволни меѓу Европејците од животот во услови на ограничувања заради пандемијата од новиот коронавирус. Наведени се резултатите од истражувањето на граѓаните од 27 земји на Европската унија за социо-економските последици од COVID-19 врз Европејците, спроведено од Европската фондација за подобрување на животните и работните услови.

Европејците под 35-годишна возраст се чувствуваат потажни и поосамени од постарите луѓе како резултат на ограничувањата, се наведува во анкетата спроведена преку интернет меѓу 85.000 луѓе. Резултатите од истражувањето покажуваат нагло влошување на квалитетот на животот за луѓе од сите возрасти во условите на пандемија.

Шеснаесет проценти од испитаниците велат дека се чувствуваат осамено поголемиот дел од времето во последните недели откако се воведоа карантин и рестриктивни мерки во повеќето земји. Пред кризата, само 6 проценти од испитаниците се чувствуваа постојано осамени.

Дваесет проценти од Европејците под 35-годишна возраст сега велат дека се сами, што е за 4 проценти повеќе од анкетите пред кризата. Французите се чувствуваат најосамени.

Луѓето под 35-годишна возраст исто така пријавуваат пониски нивоа на севкупно чувство на задоволство од животот и среќа. Авторите на студијата веруваат дека ова се должи на престанокот на јавните настани и неможноста на младите луѓе да се сретнат со пријатели и роднини надвор од домаќинството.

Оптимисти се 46 проценти од Европејците за сопствената иднина, што претставува намалување од 18 процентни поени од слично истражување во 2016 година. Оптимизмот е под просекот во земјите што се најтешко погодени од COVID-19 како Франција, Италија , Белгија и Шпанија.

Четвртина од испитаниците велат дека ја изгубиле својата работа привремено или трајно поради пандемијата, при што младите се најтешко погодени. Половина велат дека работното време им е намалено. Скоро 40 проценти ја опишуваат нивната финансиска состојба како полоша отколку пред пандемијата. Речиси половина од нив велат дека нивното семејство нема да се справи со кризата и повеќе од половината велат дека нема да можат да го одржат сегашниот животен стандард без приходи.

реклама

Регион

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе