Анкета: За која партија би гласале ако има избори следната недела?

Скопје, 8 мај 2022 (МИА) – Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) денеска излезе со анкета за ставовите на граѓаните за нивната поддршка на политичките партии и политичарите, како и за одредени актуелни прашања во моментов.

На прашањето дали Владата, предводена од СДСМ треба да остане на власт до крајот на мандатот во 2024 година или се потребни предвремени парламентарни избори, 39,1 отсто се определиле за предвремени избори, 32,5 проценти сметаат дека треба да остане на власт, а 28,4 отсто одговориле со „не знам“.

Кусата телефонска анкета, како што напоменува ИПИС, е спроведена во периодот помеѓу 4 и 6 мај на примерок од 1.111 полнолетни испитаници на ниво на цела држава. ИПИС напоменува дека сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка која изнесува +/- 3  проценти, поради што сите резултати претставени во извештајот можат да се движат во тој интервал.

Според резултатите од анкетата на прашањето за која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори, 21,2 отсто од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, 16,2 за СДСМ, 7,2 за ДУИ, 3,8 отсто би гласале за Алијанса за Албанците, 2,9 отсто за Левица, 1,5 отсто за БЕСА и еден процент за Алтернатива. За ниту една партија не би гласале 17,3 проценти од испитаниците, не сакале да кажат 16,1, а одговор немале 12,8 отсто.

На прашањето во кој политичар имаат најголема доверба, 16, 2 отсто од анкетираните се определиле за Христијан Мицкоски, 8,7 отсто за Димитар Ковачевски, 6,4 отсто за Зоран Заев, 7,3 проценти за Али Ахмети.

Од анкетираните, 3,8 проценти имаат најголема доверба во Зијадин Села, 2,7 во Димитар Апасиев, 1,9 отсто во Билал Касами, еден отсто во Африм Гаши, а 1,4 проценти во Никола Груевски. 32 отсто од анкетираните одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар, не знаеле да одговорат 15,4 отсто, а 3,2 проценти се изјасниле за друг.

Во врска со тоа дали со формирање на новата Влада се надминала политичката криза во земјава, 27,9 одговориле „да“, 47,4 „не“, а 24,7 „не знам“.

ИПИС напоменува дека заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, бил креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна била спроведена анкетата, а истражувањето било реализирано со користење на случаен примерок, кој бил стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во земјава.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе