Апелација ги одби жалбите на обвинетите во „Монструм“, казните потврдени

Жалбите на петмината обвинети во случајот „Монструм“ се одбиени како неосновани, а првостепената пресуда е преиначена само по однос на засметувањето на мерката притвор што ја поминале обвинетите, потврдија од Апелациониот суд во Скопје за МИА.

– Засметано е точно времето што е поминато во притвор, бидејќи во тој дел првостепената пресуда имаше некој недостаток. Така што, со нашата пресуда е засметано времето поминато во притвор, велат оттаму.

Второстепениот суд ги потврди казните на осудените, односно доживотниот затвор за Алил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ. Со правосилната пресуда потврдена е и казната за Хаки Азири кој беше осуден на казна затвор од 9 години, а Фејзи Азири на казна затвор од 15 години. Ослободителна пресуда доби единствено обвинетиот Сами Љута.

Петкратното убиство се случи на 12 април 2012 година кај Смиљковското Езеро, кога беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и рибарот Борче Стевковски.

„Монструм“ имаше две судења, откако во 2017 година Врховниот суд го врати случајот на  почеток кај Специјалното јавно обвинителство.

Обвинението го застапуваше обвинителката Фатиме Фетаи.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Хроника

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Read more

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе