Апелација ја укина првостепената пресуда за Таргет-Тврдина и предметот го врати на повторно постапување

Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите на обвинетите за случајот „Таргет-Тврдина“ и ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, додека жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е беспредметна.

– Апелациониот суд Скопје при разгледување на побивата пресуда констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка кои се од апсолутен карактер, а на кои овој суд внимава по службена должност, со што се доведе во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик, се вели во соопштението од Апелациониот суд Скопје.

Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет во јавноста познат како „Таргет-Тврдина“, по одржана јавна седница, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите Г.Г. од С., Т.Ј. од О., Г.Ј. од С., Н.Б. од С., С.М. од С., Н.Н. од С. и В.В. од В., изјавени преку нивните бранители и по повод жалбите и по службена должност ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, а жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е беспредметна.

Основниот кривичен суд Скопје на 26 февруари 2021 година за случајот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува за масовното прислушување и уништување на опремата од УБК, изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни, односно вкупно 65 години за 11 лица.

На поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, Судот му изрече казна затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

Судот на поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, во отсуство им изрече казна затвор од по 15 години.

Обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска доби 4 години казна затвор за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на 6 години затвор за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, а началничката Надица Николиќ доби казна во траење од 3 години затвор за кривично дело „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Судот им изрече условни затворска казна од 2 години на обвинетите Владимир Варелов, Маријан Шумуликоски, Силвана Златкова и Васил Исаковски, за сторено кривично дело „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување”. За обвинетата Валентина Симоновска Судот изрече условна казна затвор од 2 години за кривичнoто делo „фалсификување службена исправа“.

Судскиот процес започна на 22.12.2017 година против 11 лица. Во текот на постапката се одржани 53 рочишта, на кои се сослушано 123 сведоци, изведени 887 материјални докази и 5 вештачења. Сослушани беа и голем дел од над 200 оштетени лица.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе