Apple претстави жолти iPhone 14 и iPhone 14 Plus

Како што беше најавено, Apple официјално претстави нова боја за својот iPhone.

Годинава станува збор за нова боја, жолта, откако минатата година беше претставена зелената, а претходната година виолетовата.

Се работи за светложолта нијанса на задниот стаклен панел, што е нешто помеѓу жолтиот iPhone 11 и темножолтиот iPhone XR. Алуминиумската рамка е во златна боја, како во случајот со iPhone 11.

Сепак, за разлика од минатата година, новата боја нема да биде достапна за моделите Pro, наместо тоа ќе им се придружи на петте постоечки бои за стандардните iPhone 14 и iPhone 14 Plus. Палетата моментално вклучува midnight црна, starlight бела, (PRODUCT)RED црвена, сина и виолетова.

Бојата е единственото нешто што ја разликува новата верзија од постојните бидејќи нема технички разлики.

Apple исто така претстави четири нови бои за својата палета на силиконски маски за сите четири модели на iPhone 14, имено Canary Yellow, Olive Green, Sky Blue и Iris Purple.

Преднарачките за жолтите iPhone 14 и iPhone 14 Plus ќе се примаат од 10 март, додека маските веќе се достапни.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Мобилни

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Read more

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе